img
Вести и настани

Од православниот календар

понеделник, 18. октомври 2021

Од Прологот Евангелие и Апостол за денот Мисли за секој ден од годината

Илинденско послание

† СТЕФАН

ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД,
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА,
А ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА

Стојте така во слободата,
со која Христос нѐ ослободи,
и не се подавајте пак под ропски јарем!
А ако, пак, меѓу себе се гризете и јадете,
пазете да не се истребите еден со друг…
[1]

Возљубени празникољупци,

Секој ден е ден за благодарење, за фалење и за славење на Господа! Секој ден ни е даден од Бога за да празнуваме и да се радуваме! Но овој ден – празникот Илинден, е ден за особено семакедонско прославување, но и ден за таговна радост и радосна тага. Ние, Македонците, како ретко кој народ, торжествено го празнуваме славеникот и бого­угодникот, чудотворецот и боговидецот – големиот пророк Илија. Тој потекнувал од местото Тесва, па затоа е наречен и Тесвитец[2]. Живеел во 9. век пред Христа и делувал во Северното, односно во Израилското Царство, во времето на царевите Ахав и Охозиј. Поучувал, одејќи од место до место и, бранејќи го, укажувал на правилното богопочитување. Силно ревнувал за Бога, како што и неговото име на еврејски значи „Јахве е мој Бог“.

А пророците, како праведни и богољубиви, биле предвестители на Божјата волја и весници на Неговата љубов кон светот и кон човекот. Тие старозаветни богоугодници будно ја одржувале потребата од особена  близина на богоизбраниот народ со Бога, постојано потсетувајќи го на благодетите што ги добива кога ги слуша и ги исполнува пораките од небото. Но особено пророкувале и претскажувале за објавеното Божјо ветување за доаѓањето на Месијата и Спасителот на човечкиот род. Па така, кога се исполнило времето[3], Бог Го испратил својот Единороден Син, како Богочовек, Кој ја благовестил Својата наука и го покажал патот на вистината што води до спасение. Пророкот Илија[4], заедно со Енох[5], повторно ќе се јави како Христов претше­ственик, за да го подготви патот Господов при Неговото второ доаѓање[6]. Оваа вистина за последните настани ја претскажал и пророкот Малахиј, најавувајќи: Ете, Јас ќе го пратам при вас пророкот Илија, пред да настапи денот Господен ‒ големиот и страшниот[7], а ја потврдил и самиот Господ Исус Христос, со зборовите: Илија ќе дојде порано и ќе уреди сѐ[8].

Возљубени во Господа,

Свети Илија бил голем пророк. Неговата ревност за вистинската вера и неговата љубов кон Бога биле вдахновение за многумина негови современици, а подоцна и за секој христијанин и за секој свештенослужител. Со своето, пак, човекољубие, како и со родољубието и со молитвената грижа за спасение на народот, останал за пример како треба да ги сакаме луѓето.

Оној кој се стреми кон Царството Божјо, тој ќе ја сака и ќе се грижи и за овоземната Татковина, која, всушност, е времена и треба да ни биде патоказ кон Небесната. Токму и овој празник, преку личноста на светиот пророк Илија, ни укажува и ни дава поттик какви треба да бидеме и ние како христијански народ. Во новозаветните книги, на многу места е запишано за тоа како треба да живееме на земјата за да се удостоиме на небесно живеалиште[9]. Како што земјоделецот не може да очекува добар род, доколку не се грижи за посеаното семе, и не го потхранува и не го полева, така е и со нас луѓето: само преку верата и добрите дела можеме да Му угодиме на Бога и да заслужиме награда во Небесното царство. И самиот Господ Исус Христос така го поучувал народот: Сѐ она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие, зашто тоа е Законот и Пророците[10]; и: Не секој што Ми вели: ’Господи, Господи‘, ќе влезе во Царството небесно, туку оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен[11]. Затоа, секој човек кој се угледал на Христа, на Неговиот живот и делата, живеејќи по евангелските начела ‒ стекнал вечен живот. Тоа е највредното што можеме да го заслужиме овде на земјата, доколку ја исполнуваме Божјата волја, како што е речено: секој што ќе Го види Синот и поверува во Него ќе има живот вечен[12].

Возљубени потомци на славните илинденци,

Нашите постари, дедовци и прадедовци, од љубов кон родната македонска земја и од почит кон аманетите од претходните поколенија, станувале против освојувачите и против сите оние коишто посегнувале по најсветото, покрај верата – по слободата на родот и на Татковината. Илинден, денот на славното наше македонско востание, во себе ја чува токму таа тајна, преполна со љубов кон сѐ што е наше македонско. Затоа и ниедна прослава не е доволна за да ги открие сите надежи и стремежи, да ги изброи и сите жртви и жалости со кои е исполнет големиот ден на непокорот наш,  денот ‒ Илинден. Токму од тие причини тешко е да се опи­­ше она што се случило и се доживеало на Илинден 1903 година, туку може само да се претпостави. Како народ, тоа сеќавање го правиме катагодина, па еве, и по 118 години, потсетувајќи се на оној ден, и на храбрите илинденци и на сѐ што се случило тој ден, како и потоа: од Мечкин Камен и Крушево, па до сите краеви по македонската земја. И од тој незаборавен настан од 1903 година се роди и Илинден во 1944 година, кога со АСНОМ се возобнови македонската држава, која, конечно, се осамостои и како суверена во 1991 година. Затоа, тој славен Илинден од 1903 година никогаш и не престанал, туку продолжува да трае во душите на сите македонски поколенија: и досега, и сега и, да веруваме, во иднина, кај сите коишто го почитуваат и коишто живеат за сето она што се добило и со Првиот, и со Вториот, па и со Третиот Илинден.

Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,

Илинден е денот што го потврди нашето постоење низ вековите, но и за денес и за секогаш. Тој е ден за наше радување, но и ден за потсетување за потребата од постојано бранење на нашата посебност и на нашата македонска вистина. Иако е настан од минатото, Илинден бил и останува за сите времиња незаменлива инспирација за одбрана на сѐ што е наше македонско, зашто е ден – вкус на слободата и на македонскиот непокор. Но, еве, искушенијата за нашата македонска држава и за македонскиот народ, за жал, и денес не престануваат. Затоа треба да бидеме особено внимателни и сплотени, и да не дозволиме да отстапиме пред барањата на сите оние кои го негираат нашето постоење. Често се прашуваме: дали на претходните поколенија им беше потешко да се борат за македонското народно и духовно дело, или нам денес да го зачуваме она што тие го стекнаа со своите животи?

Милостивиот и правдољубивиот Бог, Кој секогаш, во потребните времиња, ни воздигнувал воини и водачи, војводи и комити, јунаци и борци, партизани и бранители, чии имиња се зачувани во македонското народно сеќавање, се надеваме дека и во ова време ќе ни помогне достоинствено да го одбраниме она што со крв и со жртви го стекнаа и ни го оставија нашите претшественици. Па, низ сета наша историја, се раѓале доблесни родољупци, идеолози и стратези, кои секогаш биле подготвени да ја бранат и да се жртвуваат за слободата на нашата родна грутка. Тие умееле да го поведат народот кон подобра иднина и да укажат дека сите искушенија и негирања не можат да нѐ сопрат. Всушност, тие, секогаш, па дури и денес ни помагаат уште повеќе да се утврдуваме во нашата вистина. Затоа сите наши буни, борби и востанија од минатото биле и остануваат вдахновувачки извори и за сегашново и за сите македонски поколенија ‒ да ја чуваме и да ја зачуваме слободата барем на овој дел од македонската земја, со сѐ што ни припаѓа како народ: и Црква, и идентитет, и историја, и јазик, и песна, и оро, и култура ‒ со сето наше духовно и народно минато, со што ќе можеме да ја зачуваме и сегашноста и иднината наша.

Слободата, и духовната и националната, е скапоцен дар. Затоа, не само што треба да ја браниме слободата, не потклекнувајќи пред намерите на оние кои сакаат да нѐ одродат и присвојат, туку треба и да знаеме и што и како со неа. Зашто ако во слободата не одиме напред и не се развиваме на секое поле, ако не создаваме и не се унапредуваме, ако не се усовршуваме и не се изградуваме, ако не се поправаме и не се грижиме, и за себе и за идните генерации, тогаш зошто ни е таквата слобода? Но тоа, како народ, најдобро ќе можеме да го оставруваме само со духовно и национално единство!

Човекољубивиот Господ, Дарителот на слободата, по молитвите на светиот пророк Илија, на светите Климент и Наум Охридски, и на сите светии, нека ни помагаат да биде така, меѓу Македонците и меѓу сите слободољубиви луѓе и народи, и овде во Татковината и насекаде по светот!   

Нека ни е честит и вечен Илинден! Амин!

† СТЕФАН

АРХИЕПИСКОП

ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

заедно со членовите на Светиот архијерејски синод

на Македонската Православна Црква  – Охридска Архиепископија

† ПЕТАР, Митрополит Преспанско-пелагониски и

   администратор Австралиско-новозеландски

† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско-кичевски и

   администратор Австралиско-сиднејски

† НАУМ, Митрополит Струмички

† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски

† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско-канадски

† ПИМЕН, Митрополит Европски

† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички

† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско-гостиварски

† ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско-осоговски

На Илинден, 2021-во лето Господово

[1]  Гал. 5, 1 и 15.

[2]   Сп. 3 Цар. 17, 1.

[3]   Сп. Гал. 4, 4.

[4]   4 Цар. 2, 11.

[5]   Сп. Евр. 11, 5.

[6]   Сп. Откр. 11, 3 и 4.

[7]   Мал. 4, 5.

[8]   Мк. 9, 12.

[9]   Сп. Мт. 11, 12.

[10]   Мт. 7, 12.

[11]   Мт. 7, 21.

[12]   Јн. 6, 40.

МОЛИТВЕНИК

ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА, А ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА

Стојте така во слободата, со која Христос нѐ ослободи, и не се подавајте пак под ропски јарем! А ако, пак, меѓу себе се гризете и јадете, пазете да не се истребите еден со друг...[1]

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com