img
Вести и настани

Панихида за Архимандрит Методиј

На 23.7.2021 година, во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, по Заупокоената Литургија, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Панихида за новопреставениот Архимандрит Методиј. Архимандритот Методиј (1961, Блатец), кој се упокои вчера, на 22.7.2021 г., во Санкт Петербург, беше еден од највидните монаси во Валаамскиот манастир, свештената обител во која тој се подвизуваше три десетлетија и за чиешто величествено возобновување беше еден од најзаслужните дејци, заедно со неговиот соподвижник, а потем Епископ,  г. Панкратиј. Живеејќи долги години во Русија, отец Методиј никогаш не ги заборави својата Македонија и Македонската Православна Црква, и секогаш кога можностите му дозволуваа потпомагаше во разубавувањето на нашите постоечки светии и во изградбата на нови.
По повод упокојувањето во Господа на Архимандрит Методиј, Неговото Блаженство г.г. Стефан упати и телеграма на сочувство до Епископот г. Панкратиј, во која вели:

Ваше Преосвештенство,

Со голема тага ја примивме веста за упокојувањето во Господа на Неговото Високопреподобие Архимандритот Методиј. Отец Методиј беше исклучителна личност. Тој, како ретко кој, ja вотелуваше вистинитоста на зборовите на Проповедникот дека има време кога се плаче, и време кога се смее; време кога се тагува, и време кога се игра (Проповедник 3, 4), па подеднакво умееше да пребива и во тихување и молитва, и да биде извор на радост за сите околу него. Обдарен со неверојатна добрина, отец Методиј подеднакво љубеше да биде и со најмали и со највозрасни, и со најбедни и со најбогати и со најкротките и со најсилните на денот, но најмногу, се разбира, љубеше да биде со своите валаамски собраќа, во валаамските храмови.
Отец Методиј беше човек со две Татковини, кои ги љубеше подеднакво и на кои им го подели својот живот, преку кои и се подготви за Небесната Татковина. Тој првиот дел од своето житие го помина во својата родна Македонија во која се задои во светото Православие, а вториот дел од животот го помина во неговата втора Татковина ‒ Русија, во која ги посеа и преумножи своите дарови за полза на Валаам и за утеха на многубројните паломници кои од сите страни на светот се упатуваат во Рускиот Атон.

Ете, Божјото благоволение било да го повика отецот Методиј во Царството небесно, многу поскоро одошто би сакале сите ние коишто го познававме. Но и во овие мигови на скрб поради упокојувањето на од сите нас возљубениот отец Методиј, остануваме непоколебливи во уверувањето дека како што земната Црква тагува поради загубата на прекрасното светило, така небесната Црква ликува поради добивањето на тоа светило. Сопринесувајќи со Вас молитви за спасение на душата на слугата Божји, Архимандритот Методиј, просам од Бога неговата душа да ја насели во прегратките на Најсветата Троица, Којашто тој толку ја љубеше.
Се молиме споменот да му биде вечен! Бог да го прости и нека се моли и тој за нас, сега кога е во Божјото нарачје, онака како што се молеше и дури беше меѓу нас!

МОЛИТВЕНИК

[foogallery id="2801"]

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com