img
Вести и настани

Писмо до Антиохискиот Патријарх г. Јован

До Неговата Светост,
Патријархот на Големата Антиохија,
Сирија и Киликија, Иверија, Месопотамија и на целиот Исток,
господин Јован

Почитуван и возљубен во Господа блажењејши Патријарху Антиохијски и на целиот Исток  г. Јован,

Со голема тага и вознемиреност ја примивме тажната вест за несреќата што се случи во Бејрут. Нашето срце, но и срцата на верните луѓе и сите граѓани во нашата земја, особено се вознемирија и нажалија за многуте невини животи згаснати во страшната трагедија. 

Ваша Светост, дозволете ми од свое име, од името на Светиот Синод на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, од свештенството, монаштвото и од верниот народ во нашата диецеза, да ја изразам нашата сострадалност, сочувство, и молитвена поткрепа на семејствата на починатите, повредените и на целиот страдален народ во Вашата Патријаршија. 

Нашите молитви, и молитвите на верниот народ во нашата земја, се кон Христа Распнатиот и Воскреснатиот и Неговата Пресвета Мајка, за тие да ги упокојат душите на настраданите, да ги утешат ожалостените и да им дадат сила, здравје и крепок дух на преживеаните во несреќа што го најде Вашиот народ. 

Драг Патријарху г. Јован, уште еднаш изразувајќи солидарност и сочувство, а знаејќи од Вашите зборови дека Вашата Света Црква и Вашата Светост „токму од крстот ја црпи секоја сила“ го молиме Распнатиот на Крстот, Нашиот Господ Исус Христос да Ви дарува трпение, сила и здравје во овие денови на страдање, правилно да раководите со кормилото на Вашата Црква – со Словото на Неговата Вистина.

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан

МОЛИТВЕНИК

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com