img
Вести и настани

Заупокоена Литургија со шестмесечен молитвен спомен за архимандрит Методиј

На 22.1.2022 година, кога Црквата ги празнува св. мч. Полиевкт, св. Евстратиј и св. Филип Московски, со благослов и присуство на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, беше отслужена Заупокоена Литургија во манастирот „Свети Наум Охридски“ во Радишани. Со Литургијата чиноначалствуваше Неговото Вископреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештенослужители од Скопската епархија.
По Литургијата, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Панихида во молитвен спомен за архимандритот Методиј Петров.
Отец Методиј беше исклучително почитуван и љубен монах и свештенослужител. Тој, заедно со својот соподвижник, а потем и Епископ, Панкратиј, беше најзаслужен за чудесното возобновување на великиот Валаамски манастир — северниот Атос. Затекнувајќи обезмонашена и запустена обител, тие двајца во своето тридецениско сепредајно богољубиво служење го повратија сјајот на Спасо-Преображенскиот манастир, повторно исполнувајќи го со монашки живот, така што сега манастирот и неговите скитови и подворја ги населуваат над 100 монаси. Силно возљубувајќи ја својата втора Татковина — Русија, отец Методиј никогаш не ја заборави ниту својата прва Татковина — Македонија, и секогаш наоѓаше начини да ѝ помогне на својата Македонска Православна Црква. Благодарејќи на неговите усилби, пред да се упокои веќе беше започната градба на храм во неговиот роден Блатец. Иако самиот отец Методиј не дочека да го види завршен и осветен тој Божји дом, сепак, градбата продолжува и во догледно време ќе се заврши, за да биде од полза на земната Црква и за радост на небесната Црква, чиј член е блаженоупокоеното и во Бога претставеното светило — архимандритот отец Методиј.

МОЛИТВЕНИК

[foogallery id="3596"]

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com