img
Вести и настани
Во моментов листата е празна.

МОЛИТВЕНИК

Во моментов листата е празна.

Архиепископот отслужи Молебен кон светиот Кирил во криптата на базиликата „Свети Климент Римски“ во Рим

На 27 јануари (14 јануари според стар стил), денот во кој Црквата одбележува 1155 години од блаженото упокоение на рамноапостолниот сесловенски просветител, свети Кирил Солунски, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан чиноначалствуваше на Молебен кон светиот Кирил, одржан на неговиот гроб, во криптата на базиликата „Свети Климент Римски“ во Рим.
 
На Архиепископот му сослужуваа Нивните Високопреосвештенства, Митрополитите: Европски г. Пимен и Тетовско-гостиварски г. Јосиф, придружени од бројни свештенослужители на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија.
На Молебниот присуствуваа и Н. Е. Марија Ефремова, амбасадорка на Македонија во Ватикан, Н. Е. Весел Мемеди, амбасадор на Македонија во Рим, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г. Даријан Сотировски и професорот на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје и поранешен амбасадор во Ватикан, професор Ѓоко Ѓорѓевски, како и амбасадори и претставници од амбасадите на повеќе земји во Ватикан.
 
Во текот на посетата на Рим и Ватикан делегацијата ги посети и базиликата Св. Марија Велика (Santa Maria Maggiore), во која била отслужена првата Литургија на словенски јазик и биле осветени црковнословенските богослужбени книги и базиликата Света Пракседа (Santa Prassede), во која Седмочислениците престојувале за време на своето пребивање во Рим.
Планираната средба со претстојателот на Католичката црква, Неговата светост папата Франциск беше одложена поради здравствената состојба на папата.      
 
[foogallery id="10113"]

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com