img
Вести и настани
Во моментов листата е празна.

Свети апостол Вартоломеј
Свети апостол Варнава

Свети апостол Вартоломеј

Беше еден од Дванаесеттемина големи апостоли. Вартоломеј и Натанаил по сѐ изгледа се две имиња за едно лице. Заедно со светиот апостол Филип и со сестрата на Филип, девицата Марија - а некое време и со свети Јован Богослов - го проповедаше Евангелието најпрво во Азија, потоа во Индија и најпосле во Ерменија, каде што и заврши маченички. Овие Свети апостоли ја умртвија големата змија којашто незнабожците ја чуваа во храм во Ерапол и ја почитуваа како божество. Во истиот град му подарија вид на Стахиј, слеп четириесет години. Овде на нив се крена толпа народ и ги распнаа на крст Филип и Вартоломеј - Вартоломеј го распнаа со главата надолу. Тогаш затресе земјотрес во којшто загинаа злите судии и многумина од народот. Гледајќи во тоа казна Божја, мнозина притрчаа да ги симнат апостолите од крстовите, но Филип беше веќе издивнал, додека Вартоломеј с ? уште беше жив. Потоа отиде во Индија, каде што го проповедаше и на индиски јазик го преведе Евангелието на Матеј. По ова прејде во Ерменија, каде што ја исцели од лудило царската ќерка. Но братот на царот, Астијаг, завидливо го фати и го распна Божјиот апостол на крст. Потоа му ја одра кожата и најпосле му ја отсече главата во Албанопол Ерменски. Неговото тело христијаните го погребаа чесно во оловен ковчег. Бидејќи од неговите мошти стануваа многу чуда, незнабожците го зедоа ковчегот и го фрлија в море. А водата го донесе ковчегот до Липарските острови, каде што епископот Агатон, по откровение во сон, го дочека и го погреба во храмот. Свети Вартоломеј му се јави, облечен во бели ризи, на свети Јован Песнопоец в црква и го благослови со Евангелието за да пее духовни песни: „Нека потечат од твојот јазик водите на небесната мудрост!“ Му се јави уште и на царот Анастасиј (491 г. – 518 г.) и му рече дека ќе му го чува новосоѕиданиот град Дари. Подоцна моштите на овој голем апостол беа пренесувани во Беневент, па во Рим. Од нив стануваа големи и страшни чуда.

Свети апостол Варнава

Беше еден од Седумдесеттемина. Роден на Кипар од богати родители од племето Левиево и заедно со Савле се учеше кај Гамалиил. Се викаше прво Јосиф, но апостолите го завикаа Варнава, односно: Син на Утехата, зашто вонредно умееше да ги теши човечките души. Кога Савле се обрати, тој прв го внесе меѓу апостолите. Потоа со Павле и со Марко го проповедаше Евангелието во Антиохија и по други места. По сѐ изгледа тој прв проповедаше и во Рим и во Милано. Пострада на островот Кипар од Евреите и Марко го погреба на западните порти од градот Саламина со Евангелието на Матеј на градите, коешто самиот рачно го препиша. Неговиот гроб остана непознат неколку векови, но со оглед дека многумина добиваа исцеленија на тоа место, се нарече „место на здравје “. Во времето на царот Зинон, кога беше Халкидонскиот собор, апостолот му се јави на Кипарскиот архиепископ Антим, и тоа трипати во три ноќи, и му го објави својот гроб. Ова стана токму во времето кога властољубивиот патријарх Антиохиски Петар бараше Кипарската Црква да биде под власта на Антиохиската столица. Но по јавувањето и откривањето на чудесните мошти на светиот апостол Варнава беше востановено Кипарската Црква, како апостолска, да биде самостојна довека. Така настана автокефалноста на Кипарската Црква.

Празник на иконата „Достојно е“

Се празнува оваа икона и чудoтo штo сe случи прeд нeа вo врeмeтo на патријархoт Никoла Хрисoвeрг (983-996). Тoа чудo сe збидна вака. Eдна нoќ, вo кeлијата на манастирoт “Пантoкратoр” мoнах гo читаше канoнoт на Бoгoрoдица и ја пeeше пeсната “Пoчeсна oд хeрувимитe...”, сeга нарeчeна “Дoстoјнo е”. Нeгoвиoт старeц беше oтишoл вo Карeја. Oдeднаш вo кeлијата сe појави чoвeк и пoчна да ја пee: “Достојно е”, пeсна која дoтoгаш беше нeпoзната вo Црквата. Кoга мoнахoт ја слушна, сe вoзбуди и пoради сoдржината и пoради прeкраснoтo нeбeснo пoeњe. “Кај нас вака пeат” му рeче туѓинeцoт на мoнахoт. Мoнахoт пoсака да ја има таа пeсна напишанo и дoнeсе eдна камeна плoча, на кoја туѓинeцoт сo прст ја испиша пeсната какo пo вoсoк и oдeднаш гo снeма. Тoј туѓинeц беше архангeлoт Гаврил. Таа плoча e прeнeсeна вo Цариград, а пeсната и дo дeнeс  е во Црквата. 

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com