img
Вести и настани
Во моментов листата е празна.

Света великомаченичка Недела
Преподобен Тома Малеин

Света великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и бездетни. Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа Света Недела. Таа од детството Му се посвети себеси на Бога, воздржувајќи се од с ? што прават разузданите деца. Кога порасна, прекрасна во телото и во душата, навалија многубројни просци, но таа сите ги одбиваше, велејќи дека е вереница на Господ Христос и дека ништо не сака, освен да умре како девојка. Еден од одбиените ги обвини Недела и нејзините родители како христијани пред царот Диоклецијан. Царот нареди и нејзините родители прво ги мачеа, а потоа ги протераа во градот Мелитина, каде крајот на земниот живот им беше во маки за Христа. Света Недела пак, му ја испрати Диоклецијан на Максимијан да ја суди. Бидејќи ја потврди својата вера во Христа пред Максимијан, тој нареди и ја бичуваа со воловски жили. Потоа царот им ја предаде на војводите, прво на Иларион, а откако тој умре на Аполониј. Овие ја мачеа ѕверски на сите можни начини, но сѐ им беше залудно. Додека света Недела лежеше во рани во затворот, ѝ се јави Господ Христос, ја исцели и ѝ рече: „Недело, не плаши се од маките, Мојата благодат е со тебе“. Христовата благодат навистина ја спаси оваа маченичка и од оган и од ѕверови, со што нејзините судии мислеа со сигурност да ја умртват. Многумина незнабожци, гледајќи го нејзиното чудесно спасение од толку смрти, поверуваа во Христа. Но сите беа заклани. Света Недела му рече на Аполониј: „На ниеден начин нема да ме одвратиш од мојата вера. Ако ме фрлиш во оган, ги имам Тројцата младенци; ако ме фрлиш на ѕверовите, го имам за пример Даниил; ако ме фрлиш во морето, пример ми е пророкот Јона; ако ме предадеш на меч, ќе се сетам на чесниот Предвесник. За мене живот е да умрам за Христа.“ Тогаш Аполониј нареди да ја убијат со меч. Недела клекна на колена, ги подигна рацете кон небото и Му се помоли на Бога да ја помилува и да ги спаси сите што ќе го слават нејзиниот спомен, а нејзината душа да ја упокои заедно со душите на нејзините родители. Кога ја заврши молитвата Му ја предаде душата на Бога, пред да се спушти мечот врз нејзината света глава. Чесно пострада и се пресели во Небесното Царство во 289 година, во Никомидија

Преподобен Тома Малеин

Најпрво беше војвода, прочуен по богатсвото и по храброста. Во телото беше многу крупен и им задаваше страв на своите непријатели. Но кога Го засака Христа повеќе од светот и сѐ што е во светот, остави сѐ и се повлече во пустина, се замонаши и се предаде на подвиг. Му се јави светиот пророк Илија и го одведе на гората наречена Малеа, до Света Гора. Овде тој живееше сам со Бога во деноноќна молитва. Иако се криеше од светот, не можеше да се докрие. Кога дознаа за светоста на неговиот живот, луѓето почнаа да доаѓаат кај него и да му ги носат своите болни. И свети Тома ги лечеше од секоја болест и неволја. А кога се престави кај Бога (во 10 век), неговите мошти продолжија да им помагаат на сите што со вера им притекнуваа.

Преподобни маченици Епиктет и Астион

Астион беше единец на неговите родители, кон верата Христова го приклони свештеникот Епиктет и го замонаши. Потоа се отселија некаде во источните краеви во скитски предели и се населија во скитскиот град Алмирид (денешен Рамзин), кај утоката на Дунав во Црното Море. Мачени и убиени со меч заради верата Христова околу 290 година. Обајцата по смртта во голема светлина им се јавија на Астионовите родители, Александар и Маркелина, кои поверуваа во Христа и се крстија од епископот Евангел, којшто и самиот потоа беше убиен за Христа. „Евангел, сличен на ангел“, како што е воспеан.

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com