img
Вести и настани

Повик за сплотеност и молитва

Возљубени во Господа,

Минува третиот ден од ужасната трагедија во која животите ги загубија 59 невини наши млади чеда, а над стотина се здобија со тешки повреди. Оттогаш, Светата Македонска Православна Црква постојано се моли за спасение на невино настраданите, служејќи помени за упокоените и принесувајќи молитви за исцеление на повредените, како и за утешение на нивните семејства и ближни.

Во овие дни на траор го повикуваме верниот наш народ заедно да ги сосредоточиме срцата во молитва кон Господа, просејќи од Него да ги прими душите на новопретставените чеда Божји во прегратките Авраамови, а, пак на повредените да им дарува побрзо оздравување.

Народната сплотеност и единство најмногу се огледуваат и се најпотребни во вакви злокобни неприлики. Затоа, ги повикуваме сите верни чеда на Мајката Македонска Црква и сите граѓани на Македонија  ̶  да го сочуваме мирот во себе и мирот меѓу себе и, прилежно молејќи се, достоинствено да тагуваме.

Со Божји благослов,

АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

СТЕФАН

МОЛИТВЕНИК

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com