img
Вести и настани
  • img
    Tuesday, 10 November 2026

    Свечено отворање на музејот посветен на блаженоупокоениот Архиепископ Гаврил

  • img
    Sunday, 08 November 2026

    Митровден во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Скопје

  • img
    Sunday, 08 November 2026

    Вечерна богослужба со акатист и свечена академија по повод 130-годишнината од храмот „Свети Димитриј“ во Скопје

  • img
    Friday, 06 November 2026

    Соопштение по повод празникот посветен на светиот великомаченик Димитриј

  • img
    Saturday, 31 October 2026

    Осветувањето на манастирскиот храм „Свети пророк Илија“ – Чардак во с. Мирковци, Скопско

  • img
    Thursday, 29 October 2026

    Соопштение од САС на МПЦ – ОА

  • img
    Wednesday, 28 October 2026

    Средба на Архиепископот Стефан со координаторката на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија

  • img
    Tuesday, 27 October 2026

    Литургија во храмот „Св. Петка“ во Црниче

  • img
    Wednesday, 21 October 2026

    Средба на Архиепископот Стефан со шефот на политичко-економскиот оддел при Амбасадата на САД во Скопје Бредли Гарднер

  • img
    Saturday, 17 October 2026

    Новото дигитално издание на списанието „Православен пат“

  • img
    Sunday, 04 October 2026

    Литургиско чествување на Денот на сите македонски светители и 40-годишнината од епископската служба на Архиепископот Стефан

  • img
    Sunday, 04 October 2026

    Излезе од печат новиот број на списанието „Православен пат“

МОЛИТВЕНИК

Во моментов листата е празна.

СКОПСКА ЕПАРХИЈА

Скопската епархија, во сето нејзино постоење, ја делела судбината на Охридската Архиепископија и на македонскиот народ. Христијанизацијата на овие наши предели, веројатно се случила набрзо по формирањето на христијанските општини во Филипи, Солун и Бер. Овдешниот црковен живот бил добро развиен уште во првовековието од постоењето на Црквата, за што ни сведочи учеството на скопски епископи на древните сехристијански Собори. Имено, веќе на Првиот вселенски собор во Никеја (325) и на Соборот во Сердика (343), учествувале Епископите Дакус и Паригориј.

Во 451 година, Скупската епархија прераснала во Митрополија, а во 535 година истата влегла во составот на Архиепископијата Јустинијана Прима, која се идентификува со Охридската Архиепископија или Патријаршија. 

Со потребата од подлабока евангелизација на народот во Византиското царство, а поткрепено со државниот декрет од 864 година, се поврзуваат служењето и мисионерството на светите солунски Браќа во Македонија, како и самопрегорното молитвено и пастирско делување на светите Климент и Наум, по нивното враќање од Моравската мисија, на овие простори.

Со создавањето на Самоиловото царство, во 976 г., Скопската епархија се нашла во рамките на Охридската Архиепископија, која царот Самоил подоцна ја издигнал на ранг на Патријаршија, која била целосно самостојна Црква, како што и неговото царство било независно од поранешното Бугарско царство. Меѓу архијерејските столици, во апсидата на храмот „Свети Ахил”, на островот Ахил, Мала Преспа, се наоѓала столица и за Скопскиот Епископ. 

Во 1004 година, Византија го одзела Скопје од Самоиловата држава, и со тоа епархијата потпаднала под јурисдикција на Цариград. Затоа, Скопската епархија не е во бројот на епархиите што ѝ припаѓале на Охридската Архиепископија, во 1018 г., по пропаѓањето на Самоиловото царство. Но, во следната 1019 година, со првата повелба на царот Василиј II, тој ѝ ја доделил Скопската епархија на Охридската Архиепископија. Така било во XI и во XII век, во времето на Охридскиот Архиепископ Теофилакт.

Во 1185 година, Скопската епархија била приклучена кон Трновската Патријаршија, и таа состојба траела до 1207 година, кога севастократорот Стрез ја вратил во составот на Охридската Архиепископија, каде што таа останала сè до крајот на Стрезовото кнежество, односно до 1214 година

Во XIII и XIV век, српските владетели Милутин, Душан и Урош, кои владееле со делови од Македонија, имале коректен однос кон Охридската Архиепископија, а со тоа и кон Скопската епархија. Во времето на цар Душан, Скопската епархија била трета по чест, по Пеќската и по Охридската Архиепископија.

Со паѓањето на Македонија под власт на Османлиите, Скопската епархија останала во составот на Охридската Архиепископија – до обновата на Пеќската Архиепископија во 1557 г., а по нејзиното повторно укинување во 1766 година, Скопската епархија потпаднала под јурисдикција на Цариградската Патријаршија, и останала под нејзина управа сè до создавањето на Бугарската Егзархија во 1870 г.

За време и по Балканските војни, како и во времето на Првата светска војна, како што се менувале војничките униформи и владеењето на соседните држави со Македонија, така се менувале и црковните власти. По поделбата на Македонија со Букурешкиот договор (1913 г.), Скопската епархија влегла во составот на Српската Православна Црква и во неа останала сè до почетокот на Втората светска војна, кога повторно била вратена под јурисдикција на Бугарската Егзархија.

Во периодот од 1945 до 1958 година, Скопската, како и другите епархии во тогашната Народна Република Македонија, немале свои архијереи. Во тој повоен период, бил одржан и Првиот црковно-народен собор, во февруари 1945 година, на кој бил избран Иницијативен одбор за организирање на Македонската Православна Црква и бил искажан копнежот на македонскиот народ за воскресение на неговата духовна мајка – Охридската Архиепископија. На Вториот црковно-народен собор, одржан на почетокот на октомври 1958 година, со изборот на дотогашниот Епископ Топлички Доситеј за Архиепископ Охридски и Македонски и Митрополит Скопски, најавено е и обновувањето на Скопската епархија

Во изминатиов половина век, во Скопската епархија извршени се над 200 ракополагања и 20-тина замонашувања. Во текот на овие 5 децении, осветени се: 47 храмови и 8 параклиси, а последниве години се поставени и осветени  темели за градба на уште 17 храмови, од кои поголемиот дел се веќе во завршна фаза. Денес, Скопската епархија има 89 парохиски храмови и 18 манастири, поделени во 2 намесништва со вкупно 84 парохии. Нив ги опслужуваат 105 свештенослужители, а меѓу повозрасните скопски пастири, денес имаме 15 пензионирани свештеници. Епархијата ни е обдарена со 6 живи манастири, со дваесетина монаси и монахињи.

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com