img
Вести и настани
Во моментов листата е празна.

Mч. Сава Стратилат
Преп. Елисавета
Преп. Тома Јуродив

маченик Сава Стратилат

Овој славен Сава живееше во Рим во времето на царот Аврелијан и имаше војводски чин. По потекло беше од Готско племе. Често ги посетуваше христијаните по затворите и им помагаше со својот имот. Заради неговата голема чистота и подвигот на испосништво Бог му даде власт над нечистите духови. Кога го обвинија како христијанин, тој смело застана пред царот, го фрли пред него својот војнички појас и јавно Го исповеда Господ Христос. Беше мачен со разновидни маки; го биеја, го стружеа со железо и го гореа со свеќи. Но не им подлегна на смртоносните маки, а се јави жив и здрав. Неговите другари, војници, гледајќи дека на Сава очигледно му помага Бог, ја примија верата Христова. Ти седумдесетмина беа веднаш убиени со меч. Самиот Господ му се јави во затворот на Свети Сава во голема светлина и го укрепи Својот маченик. По ова Сава беше осуден на смрт со потопување во вода. Го фрлија во длабока река, па Му ја предаде душата на Бога во 272 година. И душата му отиде кај Господа, Кому му остана верен и во многубројните маки.

преподобна Елисавета

Во раната младост се замонаши во манастирот на светите Козма и Дамјан во Цариград. Заради Христа и за спасението на својата душа живееше во тежок подвиг. Себеси се сметаше за невеста Христова, а овој свет за непостоечки. Од нејзината голема љубов кон Бога произлегуваше нејзината голема милосрдност кон луѓето, особено кон болните и страдалните. Со дарот што ѝ го даде Бог исцелуваше различни маки и болести кај луѓето. Ноќе на молитва ја видоа целата обвиена во небесна светлина. А нејзините мошти после смртта беа исцелителни, па на гробот притекнуваа мноштво болни и страдалници. Се упокои мирно и влезе во вечната радост на својот Господ во 540 година.

преподобен Тома Јуродив

Секогаш кога по манастирска работа ќе појдеше во Антиохија, Тома се правеше луд заради Христа. Некој Анастасиј не сакаше да му ја даде побараната милостиња за манастирот, туку му удри шлаканица. Но Тома му прорече: „Отсега ниту јас ќе примам од Анастасиј ниту Анастасиј ќе може да ми даде!“ По еден ден умре Анастасиј, а Тома се врати во манастирот и издивна. Вака се исполни пророштвото на овој свет човек. Свети Тома се престави во Дафна крај Антиохија, во времето на патријархот Домин (546 – 560 година).

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com