img
Вести и настани
Во моментов листата е празна.

Света маченичка Пелагија Тарсиска
Свети свештеномаченик Силуан Гаски
Преподобен Никифор

Света маченичка Пелагија Тарсиска

Родена е во градот Тарс, од родители незнабожци, но бележити и богати. Кога слушна од христијаните за Христа и за спасението на душата, таа се разгоре со љубов кон Спасителот и во душата беше целосно христијанка. Во тоа време имаше страшно гонење на христијаните. Се случи самиот цар Диоклецијан да запре во Тарс и додека престојуваше во овој град неговиот син, принцот, смртно се вљуби во Пелагија, па сакаше да ја земе за жена. Преку својата зла мајка Пелагија одговори дека таа веќе Му се има ветено на Небесниот Женик, Господ Исус Христос. Бегајќи од скверниот принц и од својата мајка, Пелагија го побара и го најде епископот Клинон, човек прочуен по својата светост. Тој ја поучи во христијанската вера и ја крсти. Тогаш Пелагија ги раздаде своите раскошни фустани и големото богатство, се врати дома и ѝ исповеда на мајка си дека е веќе крстена. Кога слушна за ова царскиот син и ја изгуби сета надеж дека некогаш ќе може да ја добие за жена оваа света девица, се прободе самиот себеси со меч и умре. Тогаш свирепата мајка појде и ја обвини кај царот својата ќерка, па му ја предаде на суд. Царот се восхити од убавината на девицата, заборави на синот и самиот се распали со нечиста страст кон неа. А бидејќи Пелагија остана непоколеблива во нејзината вера, царот пресуди да ја изгорат во метален усвитен вол. Кога ја разголеа мачителите, света Пелагија се прекрсти со Крстот и со благодарна молитва кон Бога на усните самата влезе во усвитениот вол, во којшто за еден миг се растопи како восок. Чесно пострада во 287 година. Коските што останаа од неа ги прибра епископот Клинон и ги погреба на ридот под еден камен. Во времето на царот Константин Копроним (741-775) на тоа место беше изградена прекрасна црква во чест на Светата девица и маченичка Пелагија, која се жртвуваше за Христа, за вечно да царува со Него.

Свети свештеномаченик Силуан Гаски

Најнапред беше во војничка служба, но подоцна, гонет од силата на својата вера, премина во духовната служба. Обвинет дека ги обраќа незнабожците во христијанската вера, најпрво беше луто мачен, а потоа заклан со четириесетмина други војници во 311 година; и така сите станаа небесни граѓани.

Преподобен Никифор

Најнапред беше католик, па потоа премина во Православие. Се подвизуваше како монах на Света Гора заедно со мудриот Теолипт. Му беше учител на славниот светител Григориј Палама. Напиша едно дело за умствената молитва. Мирно се престави кај Господа во 14 век. Преподобен Никифор учеше: „Собери го својот ум и принуди го да влезе во срцето и таму да остане. Кога твојот ум ќе се утврди во срцето, не треба да стои празен, туку постојано да ја твори молитвата: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме! “ И никогаш да не замолкне. Преку ова во тебе ќе се всели цела низа добродетели: љубов, радост, мир и останатото, па секоја твоја прозба пред Бога ќе биде исполнета.“

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com