До
Митрополитот Киевски и на цела Украина г. ОНУФРИЈ
Ваше Блаженство, Од името на Светиот архијерески синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископиа, од Свое лично и од името на целата полнота на нашата Помесна Црква Ви го честитаме именденот на Вашиот небесен закрилник – преподобниот Онуфриј Велики со најдлабоки и искрени благопожелби за добро здравіе и обилна милост Божја во Вашето првојерархиско служење на Црквата Христова.
Вашите трудови и молитви како претстојател на Украинската Православна Црква се покрепа на верниот народ, покажувајќи Ве како добар пастир на богомдоверената Ви паства.
Ваш во Христа брат и сомолитвеник,
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
г. г. Стефан