На 20.5.2026 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, на покана на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ и Институтот за национална историја, присуствуваше на „Третите Кирилометодиеви научни средби“ и со поздравно слово се обрати пред присутните гости.
На овој настан свои поздравни обраќања имаа и ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, и деканот на ПБФ „Свети Климент Охридски“, проф. д-р Илче Мицевски; додека, пак, проф. д-р Дејан Борисов беше промотор на „Зборникот на трудови“ од Вторите Кирилометодиеви научни средби.
Помеѓу присутните беше и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.