img
Вести и настани

Панихида по повод 120-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев

Денес, по повод одбележувањето 112-годишнината од загинувањето великиот македонски револуционер Гоце Делчев, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со свештенослужители на Скопската епархија, отслужи Панихида пред Гоцевиот гроб, во дворот на храмот ,,Вознесение Христово" (,,Св. Спас"), крај Скопско кале. На молитвеното застапништво за овој велик син на Македонија, Архиепископот ја произнесе следнава беседа:

ДОЈДОВМЕ ДА СЕ ПОУЧИМЕ И ДА СЕ ПРЕИСПИТАМЕ[1]

Чеда и почитувачи на Гоце ‒ возљубени во Господа,

Секогаш кога ќе се најдам покрај гробот или пред ликот на Гоце, или на некој друг наш јунак, или на заслужни личности, кои со својот живот, со својата жртва и со своето дело заслужиле место во историјата на македонскиот народ, си спомнувам на Христовите зборови од Евангелието, каде се вели: И не плашете се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат[1].

Еве, и по 120 години од херојското загинување на Гоце, жив е споменот за него, зашто е жива и ќе живее неговата душа, заедно со неговите идеали. Тој, во тоа пролетно утро во 1903 година, кај Баница, опколен од многуброен османлиски аскер, паднал само со телото, а неговиот подвиг и неговата љубов за Македонија и кон својот народ, опстојуваат преку спомените за него и денес, и ќе продолжат да живеат во душите на сите родољубиви македонски поколенија.

Нашата македонска историја, како и историјата на многу други народи, се потпира врз богоугодниците и просветителите во сите времиња, како и врз жртвите на славните јунаци и народни водачи во сите буни, борби и востанија, врз подвизите на истакнатите личности кои со своите дела оставиле траен белег во меморијата на нашиот народ.

Гоце, благодарејќи на своите организациски и стратешки способности, благодарение на неуморната борба за вистината, слободата и правдата за својот македонски народ, бил личност во која безмерно се верувало и човек во кого можело да се надева. Затоа и денес дојдовме на неговиот гроб, со благодарност да се помолиме за неговата душа, но и да се охрабриме со неговите завети и аманети; дојдовме да се поучиме од неговиот пример; дојдовме да се потсетиме на неговото родољубие и слободољубие. Но, исто така, дојдовме и да се преиспитаме себеси, своите однесувања, и кон него и кон она за коешто тој се бореше и за коешто го положи и својот живот.

Имајќи го за свој идеал, нашите борци, и во негово време и потоа, го имаа Гоцета за пример што треба да се следи. Неговите совети дека народот е најсилен не кога има најмногу оружје, туку кога е најединствен и кога вистински покажува братољубие и родољубие, треба да ги паметиме и кон нив да се придржуваме и ние. Самиот тој, соочувајќи се со оние со поинакви чувства кон Македонија и кон македонскиот народ, велел:„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови-изроди, како македонскиот“. Зарем тие  зборови не важат и денес, дали не се однесуваат и за некои меѓу нас? Па, ако за верата велиме дека христијанин не е само оној што со име се нарекува тоа, туку оној што вистински живее христијански, тогаш и за родољубието можеме да кажеме: не секој што декларативно е родољубец ‒ вистински е тоа, туку само оној кој со сето свое битие, со сиот свој живот чини дела на родољубие и на домољубие, чини дела подобни на Гоцевите. А што од сето ова ја краси нашава генерација? Ја зачувавме ли и дали доволно ја покажуваме љубовта кон Татковината и кон својот род,  како што порачуваше Гоце? Се грижиме ли доволно за минатото за да имаме и сегашност и иднина? И уште ова: до кога и до каде со отстапките пред секого и од сè, а на штета на македонските национални и духовни интереси?! Зарем со нашиве однесувања не пукаме и не го убиваме повторно и повторно самиот Гоце, и не го доуриваме ли она во кое се вгради и самиот тој?!

Прости ни Војводо, и нека ти е вечен споменот! Амин! Христос воскресе!

[1] Мт 10, 28.

[foogallery id="7957"]

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com