img
Вести и настани
Во моментов листата е празна.

Апостол Симеон
Стефан Владимирски
Преподобен Јован Исповедник

Апостол Симеон

Еден од Седумдесеттемина апостоли. Син на Клеопа, кој, пак, му беше брат на праведниот Јосиф, сопругот на Пресвета Богородица. Кога ги виде чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, Симеон поверува и беше вбројан во Седумдесеттемина апостоли. Со голема ревност и храброст го проповедаше Христовото Евангелие насекаде по Јудеја. Кога злобните Евреи го убија Јаков, братот Господов и првиот епископ на ерусалимската Црква, бутнувајќи го од врвот на храмот и удирајќи го со мотика по глава, тогаш овој Симеон, кој му беше роднина, беше поставен за епископ во Ерусалим. Како втор епископ во Светиот град, тој со голема мудрост и сила управуваше со Божјата Црква сѐ до длабока старост. Кога пострада имаше над сто години. Неговото страдање стана вака: во времето на царот Трајан беше покренато двојно гонење во Палестина - на потомците Давидови и на христијаните. Злобните луѓе го обвинија Симеон како оној којшто им припаѓа и на едните и на другите. Свети Симеон претрпе големи маки и најпосле го распнаа на крст, како неговиот Господ Кому верно Му послужи на земјата.

Стефан Владимирски

Ученик на свети Теодосиј Печерски. Едно време беше игумен на Печерската Лавра и многу се потруди околу благочиното устројство на монашкиот живот и околу украсувањето на храмовите. Но ѓаволот распали кај монасите злоба против него, па не само што го симнаа од игуменството туку и го протераа од манастирот. Бог Кој не ги остава праведниците под долга пониженост од неправедните, го упати животот на преподобниот Стефан така што го избраа за Владимирски епископ. Како архиереј Божји, Стефануправуваше со Црквата сѐ до својата старост и мирно се упокои во Господ во 1094 година.

Преподобен Јован Исповедник

Игуменот на обителта на Чистите (Катари). Оваа обител беше устроена близу Никеја во времето на царувањето на Јустин, во 6 век. Поради тоа што ги почитуваше и ги бранеше иконите,  свети Јован многу пострада од царевите Лав и Теофил,и се упокои во прогонство, околу 832 година.

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com