img
Вести и настани
Во моментов листата е празна.

Светите маченици Прокл и Илариј
Света Вероника

Светите маченици Прокл и Илариј

Овие маченици беа родум од Калипта во Азија и Прокл му беше чичко на Илариј. Пострадаа во времето на Трајан. „Од кој род си?“, го праша судијата Прок. Прокл одговори: „Христос ми е род и надеж и Бог“. Кога судијата му се закани со маки, Прокл рече: „Кога вие се плашите да ги престапите царските заповеди за да не паднете во краткотрајни маки, колку ли повеќе ние христијаните се плашиме да ја престапиме заповедта Божја, за да не паднеме во вечни маки!“ Кога го мачеа Прокл, Илариј му пристапи на судијата и рече: „И јас сум христијанин“. После многу мачења обајцата беа осудени на смрт, и тоа Прокл го распнаа на крст, а на Илариј му ја отсекоа главата со меч. И отидоа обајцата во радоста на Господ.

Преподобен Михаил Малеин

Човек од благороден и богат род. Во младоста ги презре земните богатства и се повлече на гората Малеа, кај Света Гора, каде се подвизуваше и си го очистуваше срцето со пост и со молитва. Подоцна имаше многубројни ученици, од коишто најпрочуен е свети Атанасиј Атонски. Се упокои мирно околу 940 година.

Светата маченичка Голиндуха

Персијанка. Стапи во брак со еден персиски волх, со кого живееше три години. Потоа имаше видение од ангел кој ѝ го покажа оној свет: маките на грешниците и неверниците и радоста на праведниците. По ова таа го напушти мажот и се крсти. На крштението го доби името Марија. Гонета од мажот, беше осудена на доживотен затвор. Во затворот помина осумнаесет години и не се поколеба во верата. Потоа беше фрлена во некоја јама, но Бог ја спаси, а ја фрлија и пред некоја страшна змија, но змијата не ја повреди. Кога ѝ испратија некои злосторни момчиња за да ја осквернат, Бог ја направи невидлива за нивните очи. Восхитени од нејзините страдања мнозина Персијанци ја примија Христовата вера. Го посети Ерусалим, каде ја изобличи верата Севирова, којашто учеше дека Божеството во Христа пострадало, заради што читаа: „Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни, Кој си распнат за нас, помилуј нѐ !“ Најпосле проповедајќи ја вистинската вера мирно се упокои близу градот Нисивија, во 587 година.

Света Вероника

Тоа е крвоточивата жена којашто во она време Христос ја исцели (Мт 9, 20). Од благодарност кон својот исцелител, Господ, Вероника порача и ѝ направија статуа на Исус Христос и пред неа таа Му се молеше на Бога. Според Преданието оваа статуа била сочувана до времето на царот Јулијан Отстапник, којшто ја претворил во статуа на идолот Ѕевс. Ова е еден од вонредно ретките случаи во Црквата на Исток да бидат употребувани статуи со свети ликови. Како што е познато, подоцна тоа стана обичај во западните цркви. Света Вероника ѝ остана предадена на Христовата вера до својата смрт и мирно почина.

Свети маченици Теодор и Јован

Татко и син, по потекло Варјази кои беа крстени, па се доселија да живеат во незнабожниот град Киев. Разјарени незнабожци им ја урнаа куќата врз нив, па обајцата загинаа за Христа. Нивните мошти почиваат во Антониевите пештери. Ним најмногу им се молат бездетните и оние на коишто не им се додржуваат децата.

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com