img
Вести и настани
Во моментов листата е празна.

Светол Понеделник
Свети Георгиј Исповедник
Свет Маченик Калиопиј
Преподобен Даниил Перејславски

Свети Георгиј Исповедник

Заради големата добродетел што ја стекна со долготраен подвиг, Георгиј беше избран за митрополит Mитиленски. И светителот управуваше со словесното стадо ревносно и мудро до својата старост. Но кога настана гонењето под Лав Ерменин, кој ги ништеше светите икони, овој свет старец беше повикан од царот во Цариград на собор на епископи којшто требаше, според желбата на царот, да го уништи иконопочитувањето. Но Георгиј не само што не направи според желбата на злобниот цар, туку со некои храбри епископи стана во заштита на светите икони. Затоа беше исмеан и од царот беше протеран во пределите на Херсон, каде што во телесна беда и секаква неволја го помина остатокот од својот земен живот. Се упокои и се пресели во Царството на бесмртноста околу 816 година. Поради својата голема праведност и љубов кон Господ Исус, беше чудотворец за време на животот и после смртта.

Свет Маченик Калиопиј

Син единец, измолен од Бога на некој сенатор од Перга Памфилиска. Неговата благочестива мајка Теоклија го научи на богопочитување и на благочестив живот уште во раната младост. Кога Калиопиј беше уште момче, настана страшно гонење на христијаните под царот Максимијан. За да го спаси од смртта мајка му го качи на кораб, му даде доволно пари и го испрати во Помпеопол. Но Божјата Промисла устрои поинаку. Кога се симна во Помпеопол Калиопиј западна сред една бурна незнабожечка свеченост. Кога на навалувањето на залудената толпа не сакаше да земе учество во незнабожечкиот празник, го истуркаа пред војводата Максим, на кого тој му исповеда дека е христијанин. По наредба на војската го биеја со оловни стапови и го печеа на оган, па најпосле ранет го фрлија во затвор. Кога слушна за мачењето на нејзиниот син, мајка му Теоклија им го раздаде имотот на сиромашните и со малку пари побрза во затворот кај него. Најпосле војводата ја изрече конечната пресуда за Калиопиј да биде распнат на крст. Кога го поведоа син ѝ на губилиште, Теоклија им дотури на џелатите пет златници за да го распнат нејзиниот син не како Господ туку наопаку. Ова го направи од смирение пред Господ. Калиопиј беше распнат на Велик четврток, а мајка му стоеше под крстот благодарејќи Му на Бога. Кога другиот ден мртов го симнаа од крстот, таа падна врз него и издивна и самата. Така излегоа обајцата пред престолот на Царот на славата. Чесно пострадаа во 304 година.

Преподобен Даниил Перејславски

Од детството ги љубеше благочестивиот живиот и христијанскиот подвиг. Монашкиот постриг го прими во манастирот посветен на преподобниот Пафнутиј Боровски, и во духовниот живот растеше под раководство на свети Левкиј Волоколамски. Потем, враќајќи се во својот роден крај, целосно се посвети на подвигот на љубовта кон ближните и самиот ги погребуваше бездомните и бедните на гробиштето покрај коешто самиот основа манастир. Се упокои во 1540 година.

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com