img
Вести и настани
Во моментов листата е празна.

Свештеномаченик Василиј Амасиски
Јоаникиј Девички
Св. Стефан епископ Пермски

Свештеномаченик Василиј Амасиски
Зетот на царот Константин, Ликиниј, кој беше оженет со царевата сестра, се преправаше пред великиот цар дека е христијанин, но кога царот му даде да управува со целиот Исток, тој најпрво тајно, а потоа и јавно почна да ги прпгонува христијаните и да го утврдува идолопоклонството. Неговата жена поради тоа тагувашемногу, но не можеше да го одврати својот маж од нечестието. Кога се предаде на идолопоклонството Ликинијбезмерно се предаде на сите страсти, а најмногу на прељубништво. При напад на оваа нечиста страст тој посака да ја оскверни девицата Глафира, која беше на служба кај царицата. Таа ѝ се пожали на царицата и царицата тајно ја испрати во Никомидија во Понтиската област. Девицата Глафира стигна до градот Амасија, а таму ја примија срдечно епископот Василиј и сите христијани. Таа беше радосна што Бог ѝ ја спаси девственоста и за ова ѝ пишуваше на царицата. Царицата се радуваше и ѝ испраќаше пари за храмот во Амасија. Но едно од овие писма од Глафира до царицата му падна во рацете на царскиот евнух и тој му го покажа на својот господар Ликиниј. Кога царот дозна каде престојува Глафира, испрати да ја доведат во Никомидија, нејзе и епископот. Во меѓувреме Глафира умре, а војниците го доведоа врзан само епископот Василиј. Откако претрпе маки и затвор, овој блажен маж заврши под меч, а телото му го фрлија во морето, во 322 година. По укажување на Божји ангел неговите клирици го извлекоа од водата со помош на рибарски мрежи и го пренесоа во Амасија, каде чесно го погребаа во црквата што ја беше подигнал самиот. Царот Константин крена војска против Ликиниј, го победи и го фати и го испрати на заточеништво во Галија, каде што заврши неговиот богомрзокживот.

Јоаникиј Девички
Србин од Зета. Како млад обземен од љубовта Христова ги остави својот дом и своите родителите и се оддалечи во пределите на Ибар, крај Црна Река, во една тесна пештера во која, според Преданието, пред него се подвизувал свети Петар Коришки. Но кога неговата слава почна да се разгласува меѓу луѓето, тој побегна во Дреница и се скри во густата шума Девичка. Свети Јоаникиј помина долги години во осама, молчание и молитва. Според преданието, српскиот кнез Ѓураѓ Бранковиќ му ја донел својата луда ќерка исветителот ја исцелил. Од благодарност кнезот му подигна манастир на тоа место, познат и денес под името Девич. Таму почиваат светите чудотворни мошти на Св. Јоаникиј. Во тој манастир речиси до наши дни се подвизуваше прославената и богоугодна испосничка монахиња Ефимија, во косовсиот крај познато под името: блажена Стојна. Таа се упокои во Господ во 1895 година.

Св. Стефан епископ Пермски
По потекло Русин. Од малечок предаден на молитва и богомислие. Како момче отиде во Ростов и се замонаши во манастирот посветен на светиГригориј Богослов. Кога дозна за Пермската земја, целата обрасната во плевелот на незнабоштвото, посака да оди како мисионер во оваа земја, па веднаш се вдаде во изучување на пермскиот јазик. Кога го совлада, состави азбука и ги преведе на тој јазик црковните книги. Со благослов на московскиот митрополит тој како презвитер се упати на својот апостолски подвиг и во густиот мрак на пермскотонезнабоштво со огромна ревност почна да го проповеда Господовото Евангелие. Откако крсти неколкумина, се потруди да изгради во Перм храм посветен на светото Благовештение. А кога во Перм се умножи Црквата Божја, Свети Стефан го посветија за нејзин епископ. Претрпе секаков труд, мака, злоба и пониженост, но ја разгони темнината на пермскитенезнабожци и ги просветли со Христовата светлина. На старост уште еднаш отиде во Москва и таму се упокои во Господа во 1396 година.

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com