img
Вести и настани
Во моментов листата е празна.

Св. свш-мч. Симеон Персиски
Св. Акакиј Мелитински
Св. Агапит Римски

Свети свештеномаченик Симеон Персиски

Во времето на злочестивиот цар Савориј или Сапор, Симеон беше мачен за Христа заедно со  двајца свои презвитери, Авделај и Ананија. Пред нив пострада и царевиот евнух Устазан, којшто прво се беше одрекол од Христа, а потоа, трогнат од прекорот на Свети Симеон, повторно ја исповеда пред царот вистинската вера. На губилиште заедно со Симеон беа изведени уште илјада христијани. Симеон скришум се измакна за да може да биде убиен последен, зашто сакаше да ги храбри другите докрај за ниеден од нив да не се поколеба од страв пред смртта. Кога презвитерот Ананија ја положи главата на трупецот, со целото тело затрепери. А царевиот пристав, Фусик, кој беше потаен христијанин, почна да го храбри Ананија велејќи: „Не плаши се, старецу, затвори ги очите и биди мажествен, за да ја видиш Божествената светлина!“ Штом го изговори тоа, го повикаа како христијанин и го обвинија кај царот. Царот го уби во големи маки и него и неговата ќерка, девицата Аскитреја. Најпосле го убија и свети Симеон, откако прво го испрати своето стадо на оној свет. Следната година на Велик петок беше убиен и царевиот омилен евнух Азат, а со него илјада други верници. Тогаш царот пожали за својот евнух и го запре натамошното убивање на христијаните. Сите чесно пострадаа за Христос, нашиот Цар и Господ во 341 или 344 година.

Свети Акакиј Мелитински

Се подвизуваше во својот роден град ерменска Мелитина. Епископот на тој град, блажениот Отриј, кој учествуваше на Вториот Вселенски Собор, го ракоположи за презвитер. После смртта на Отриј епископ стана Акакиј. Учествуваше на Третиот Вселенски Собор во Ефес, кој го осуди Несториевото злохулство кон Богомајката. Овде заедно со свети Кирил Александриски тој многу ревнуваше за чистотата на православната вера. Свети Акакиј имаше голема благодат од Бога и вршеше многубројни чуда. После долг и ревносна служба на Бога, мирно се упокои во 435 година.

Свети Агапит Римски

Испратен од готскиот крал Теодот кај царот Јустинијан во Цариград за да го одврати од поход против Готите. Патем тој исцели еден нем и слеп. Во Цариград помогна во утврдувањето на Православието и се упокои во 536 година.

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com