img
Вести и настани

Соопштение на САС на МПЦ – ОА со осуда на секој вид насилство, фемицидот и ширењето омраза

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во работен состав, одржана на 26 ноември 2026 година, разгледа повеќе прашања поврзани со црковниот живот, воспитно-образовните институции и општествените случувања во нашата Татковина.

МПЦ – ОА со загриженост ги следи настаните поврзани со сè поизразеното насилство и ширењето на омразата во општеството. Во таа насока, МПЦ – ОА јасно и недвосмислено истакнува дека секој вид насилство, вербално и физичко, особено семејното насилство, насилството врз жените, врсничкото насилство и насилството во дигиталниот простор, вклучително и на социјалните мрежи, е апсолутно неприфатливо и неспојливо со основните христијански и евангелски вредности и со почитувањето на човековото достоинство. 

Во согласност со евангелската и пастирска мисија, МПЦ – ОА најостро го осудува гревот на убиството, фемицидот, како најсуров облик на насилство врз жените и како недозволиво посегнување по светоста на човечкиот живот. Како значаен општествен чинител, МПЦ – ОА ја афирмира и активно придонесува кон негувањето на културата на соживот, почитувањето на човековото достоинство, солидарноста и грижата за секој човек, без оглед на неговите политички, идеолошки и лични убедувања, социјалниот статус или верската или религиозна припадност, доследно почитувајќи го начелото за еднакво достоинство на секој човек. 

МПЦ – ОА ја согледува сериозноста и ги посочува загрижувачките размери на зголеменото насилство, ширењето на нетрпеливоста, гневот и омразата и воедно ја потврдува својата подготвеност за воспоставување соработка и партнерства со надлежните државни институции, верските заедници, религиозните групи и другите релевантни организации, со цел заедничко дејствување во спречувањето и надминувањето на овие негативни општествени појави. Притоа, МПЦ – ОА истакнува дека свештенството и досега совесно и одговорно ја извршува својата пастирска служба, вклучително и во однос на предизвиците поврзани со различните облици на насилство. Истовремено, ја препознава потребата од континуирана едукација и соодветна обука на свештенството, со цел унапредување на неговите знаења и способности за навремено воочување и соодветно постапување во случаи на насилство, особено семејно и насилство врз жените, како и за давање соодветна поддршка на лицата погодени од насилство и нивно благовремено упатување до надлежните специјализирани институции и стручни служби.

Од канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА

МОЛИТВЕНИК

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com