img
Вести и настани

Телеграма со сочувство до Неговата Светост, Патријархот Српски г. г. Порфириј

До Неговата Светост,
Архиепископ Пеќски, Митрополит Белградско-карловачки и
Патријарх Српски г. г. Порфириј

Ваша Светост, 

Со длабока тага и со надеж во Воскресението ја примивме веста за упокојувањето на Вашиот духовен отец, Архиепископот Новосадски и Митрополит Бачки Иринеј. 

Покојниот Иринеј ќе го паметиме како ретко впечатлива личност, ерудит со широки интелектуални хоризонти, истакнат теолог, познавач и толкувач на богословското предание, почитуван професор, но и, пред сѐ, ревносен архијереј на Српската Православна Црква, посветен на духовното раководење и грижата за доверената му паства. Неговата личност беше украсена со многубројни дарови, кои несебично ги вложуваше во полза на својата Црква и на својот народ, оставајќи зад себе богато и значајно наследство. 

Во своите пошироки општествени и црковни согледувања, тој имаше препознатлив пристап и израз, секогаш оставајќи простор за дијалог и за размена на аргументи. Митрополитот Иринеј полагаше особена грижа за соборноста и сеправославното единство, развивајќи ја свеста за значењето на заемното уважување, за што сведочи неговиот неоспорен придонес во надминувањето и решавањето на деценискиот спор и унапредувањето на односите меѓу нашите две сестрински помесни Цркви.

Ваша Светост,

Во овие тажни мигови за Вас и за Српската Православна Црква, дозволете Ни во Наше име, и во името на Светиот архијерејски синод, на свештенството, монаштвото и на сите верни чеда на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, да Ви изразиме искрено сочувство и молитвена сострадалност по повод упокојувањето на Архиепископот Новосадски и Митрополит Бачки Иринеј.

Милостивиот Отец небесен нека ја упокои душата на новопретставениот Митрополит Иринеј во населбите на праведните, нека ја насели меѓу хоровите на светите, а на сите коишто тагуваат по него, нека им испрати утеха и надеж во Воскресението.

Вам, пак, нека Ви дарува здравје, духовна сила, поткрепа и мудрост во овие тешки мигови за Вас и за Српската Православна Црква.

Ваш собрат и сослужител пред престолот Божји,

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

г. г. СТЕФАН

МОЛИТВЕНИК

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com