img
Вести и настани

Литургија и промоција
во Соборниот храм

На 12. февруари 2021 година, кога Православната Црква си спомнува за светите Три Ерарси (св. Григориј Богослов, св. Василиј Велики и св. Јован Златоуст), Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на свештеници од Скопската епархија, отслужи Божествена Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“. По завршетокот на Литургијата, Архиепископот одржа промотивно слово за новообјавената монографија на Скопската православна епархија: Соборен храм „Свети Климент Охридски“ – 30 години од осветувањето.
 
Меѓу другото, Архиепископот во своето промотивно слово рече:

„Во минатата 2020 година, на 12 август, се наполнија 30 години од осветувањето на Соборниов храм на МПЦ, во Скопје, посветен на свети Климент Охридски. Тој настан беше одбележан скромно, како и сѐ друго во изминатава и во оваа година, но, сепак, како што доликува – со молитва, со Света Литургија, отслужена овде во храмов, на 9 август, на празникот на свети Климент. Инаку, за тој повод се подготвуваше и скромна монографија за храмот, чие печатење и промовирање беа одложени поради раширената пандемија и меѓу нас.

И еве, денес, на празникот на големите книгољупци и словољупци, чествувајќи ги овие тројца столбови на чистото богословие и автори на осведоченото богомислие, одлучивме да го претставиме ова скромно дело израснато од содржини посветени на самиот храм и на неговиот патрон, свети Климент Охридски.   

Имено, покрај фотографиите од иконостасот и од фреските, во монографијата е поместено и житието на свети Климент од блажениот Теофилакт, Архиепископ Охридски, потоа, текстови за историјата на храмот по македонската земја, за текот на градбата на овој храм, за содржината на самиот храм, за иконостасот и за фреските, како и текстови за старозаветната и новозаветната молитва и за молитвата како израз на љубовта, за ликот на свети Климент и за неговиот култ и присуството во живописот, како меѓу нашиот народ, така и меѓу соседните народи и земји.

И пред ова дело да се најде во рацете на оние што ќе имаат можност да го добијат, ќе подвлечам дека сите трудови заслужуваат да бидат внимателно прочитани, зашто содржат исцрпни сведоштва по темите што ги обработуваат. Изнесени се податоци и од кога, и каде, и зошто се градени и се градат храмовите; зошто, како и кој го градеше овој Соборен храм; кој е свети Климент, виден од еден од наследниците на неговиот архиепископски трон, како и до каде е стигнат неговиот култ и, секако, дали беше и дали е оправдана градбата на овој нов соборен храм на МПЦ, овде во македонската престолнина. 

Но, во прилог на денешново одбележување на годишнината од осветувањето на овој храм, сакам да ги потсетам помладите поколенија дека настанот од 12 август 1990 година беше настан како ретко кој во изминативе три децении. Тогаш, по тој повод, македонските медиуми објавуваа дека ‚тој чин предизвика семакедонска радост, беше чин што го собра македонскиот народ од сите краеви на македонската земја и на тој ден Македонија беше на едно место. Храмот стана белег на македонската култура и чинот прерасна во македонски незаборав‘. По тој свечен повод беа дојдени иселени нашинци од сите европски и прекуокеански земји, тука беа претставници од бројни македонски црковни општини од Австралија, САД, Канада и Европа. Тој настан беше за радост и за гордост на секоја богољубива и родољубива душа, зашто градбата на Светиклиментовиот храм беше разбрана и прифатена како симбол на македонското државно и црковно воскресение. 

Ете, таа радост и гордост за храмот дадоа повод триесетте години од неговото осветување да бидат одбележани со оваа скромна монографија. При оваа прилика им благодариме на сите коишто помогнаа: на авторите, лекторот, дизајнерот, фотографите и на сите што дадоа свој прилог за ова дело да биде сведок за оваа семакедонска градба, на која молитвено, со Божја помош, да ѝ посакаме и децениско и вековно траење и одбележување. 

Исто така, и на овој ден да не ги заборавиме блаженоупокоените Архиепископи: Доситеј, кој го освети и го постави камен-темелникот и ја започна градбата на храмот; Ангелариј, кој ја продолжи градбата; Гаврил, кој ја дозаврши градбата и во негово време и се освети храмот, и Михаил, во чие време се продолжи со украсувањето на храмот, како и сите свештенослужители, градители и дарители, зографи и иконописци, псалти и вероучители, оние коишто работеле и помагале и сите коишто со вера и љубов доаѓале и доаѓаат во него. Амин!“ 

МОЛИТВЕНИК

[foogallery id="2137"]

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com