
На 10.11.2026 г. во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Радишани беше отворен музејот посветен на блаженоупокоениот Архиепископ Охридски и Македонски Гаврил. Настанот започна со Панихида на гробот на блаженоупокоениот Архиепископ, која ја отслужи Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. По Панихидата свечено беше отворен […]
...Прочитај повеќе...На 8.11.2026 година, на празникот посветен на светиот великомаченик Димитриј, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан – во сослужение со Нивните Високопреосвештенства, Митрополитите: Повардарски г. Агатангел и Дебарско-кичевски г. Георгиј – богослужеше Светата Божествена Литургија во храмот „Св. великомаченик Димитриј“ во Скопје; кој, впрочем, оваа година одбележува 130 години постоење. На Литургијата […]
...Прочитај повеќе...На 7.11.2026 година, во навечерието на празникот посветен на светиот великомаченик Димитриј, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во храмот „Свети Димитриј“ во Скопје беа отслужени Празнична вечерна богослужба и Акатист, на кои чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во молитвено присуство на Архиепископот Стефан, на Неговото Високопреосвештенство, […]
...Прочитај повеќе...Почитувани, Ве известуваме дека, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, а по повод претстојниот празник посветен на светиот великомаченик Димитриј и 130-годишнината од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје, ќе се одржат следниве настани: 7 ноември (сабота): 17:00 часот Празнична вечерна богослужба и Акатист, на кои […]
...Прочитај повеќе...На 31.10.2026 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан – во сослужение со свештенослужители од Скопската православна епархија – чиноначалствуваше на Осветувањето на манастирскиот храм „Свети пророк Илија“ – Чардак во скопското село Мирковци. Пред Литургијата во чин чтец беше ракопроизведен г. Петар Христов, додека за време на Литургијата, јеромонахот Игнатиј (Каракашев) […]
...Прочитај повеќе...Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во работен состав, одржана на 29 октомври 2026 година, разгледа повеќе прашања поврзани со црковниот живот, воспитно-образовните институции и случувањата во Помесните православни цркви. Светиот Синод упати честитка до Неговата Сесветост, Вселенскиот патријарх Вартоломеј, по повод 35-годишниот јубилеј […]
...Прочитај повеќе...На 28. 10. 2026 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, оствари средба со г-ѓа Рита Колумбија, постојана координаторка на Обединетите нации во Македонија. На средбата присуствуваше и Неговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски г. Климент, секретар на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија.
...Прочитај повеќе...На 27. 10. 2026 г. кога Светата Црква го прославува споменот на преподобната Параскева Епиватска (света Петка), Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан богослужеше Света Литургија во храмот во храмот посветен на преподобната Параскева во населба Црниче. На Литургијата во чин чтец беше ракопроизведен дипломираниот теолог Далибор Ѓориќ. Многубројниот верен народ се причести […]
...Прочитај повеќе...На 21. 10. 2026 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, оствари средба со г. Бредли Гарднер, шеф на политичко-економскиот оддел при Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, и со г. Ендрју Ковтун, политички советник при истата амбасада. На средбата присуствуваа и Неговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски г. Климент, секретар на Светиот […]
...Прочитај повеќе...Почитувани, Ве известуваме дека – со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан – покрај печатеното, излезе и новото дигитално издание на списанието на Скопската епархија, „Православен пат“. Дигиталниот формат овозможува списанието да биде лесно достапно за читателите ширум светот. Новото дигитално издание можете да го погледнете на следниов линк: https://pravoslavenpat.mpc-spe.mk/ […]
...Прочитај повеќе...
МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје
Централа:
+389 3 230 697
Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631
Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780
Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396
Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com