img
Вести и настани
  • img
    Thursday, 03 December 2020

    Меморандум на МАНУ, МПЦ-ОА и УКИМ

  • img
    Monday, 23 November 2020

    Освет на темели
    во храмот Св. Петка во Кучевиште

  • img
    Saturday, 21 November 2020

    Литургија во манастирот
    Св. вмч. Георгиј Победоносец

  • img
    Sunday, 08 November 2020

    Литургија во манастирот
    Св. вмч. Георгиј Победоносец

  • img
    Friday, 30 October 2020

    Средба
    во кабинетот на Архиепископот

  • img
    Tuesday, 27 October 2020

    Литургија во храмот
    Света Петка во Црниче

  • img
    Thursday, 08 October 2020

    Изложба по повод 1000-години Бигорски манастир

  • img
    Monday, 05 October 2020

    Литургија во Соборниот храм

  • img
    Friday, 02 October 2020

    Соопштение

  • img
    Sunday, 27 September 2020

    Литургија во Соборниот храм

  • img
    Friday, 25 September 2020

    Прием во кабинетот на Архиепископот

  • img
    Monday, 21 September 2020

    Литургија во манастирот
    Рождество на Пресвета Богородица во Калишта

МОЛИТВЕНИК

  • Лазарева сабота во храмот „Вознесение Христово“ во н. Маџари

    На 16.4.2022 година, кога црквата го слави Воскресението на четиридневно упокоениот Лазар – Лазарева сабота, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Света Златоустова Литургија во храмот „Вознесение Христово“ во населбата Маџари. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

    ...Прочитај повеќе...
  • Средба во кабинетот на Архиепископот

    На 14.4.2022, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во својот кабинет ги прими: директорот на Институтот за трансфузиона медицина,  д-р  Седула Усеини, организацискиот директор на Институтот за трансфузиона медицина, м-р Венко Стомнароски и раководителот на одделението за планирање на крводарителството, д-р Горан Андонов .

    ...Прочитај повеќе...
  • Литургија во петтата недела од Великиот пост во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Чаир

    На 10.4.2022 година, петтата недела од Великиот пост, посветена на св. Марија Египетска, а воедно и ден кога Црквата ги прославува и преп. Петар Мегленски и св. Иларион Исповедник, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Света Василиева Литургија во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Чаир. На Литургијата во протојерејски чин беше ракопроизведен јерејот Зоран […]

    ...Прочитај повеќе...
  • Литургија во параклисот при Архиепископската резиденција

    На 7.4.2022 г., на празникот Благовештение на Пресвета Богородица, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Света Литургија во параклисот при Архиепископската резиденција. На Архиепископот му сослужуваа игуменот Агатон Апостоловски и ѓаконите Драган Иванов и Даниел Јовановски, а литургиските песнопенија ги пееја монахињите Елисеја и Варвара.

    ...Прочитај повеќе...
  • Соопштение

    Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА) ги отфрла изјавите дадени за бугарските медиуми, со кои се проблематизира македонската историска наука и се оспорува континуитетот на МПЦ – ОА. Тврдењето дека нашата земја „е типичен пример каде што критичката анализа меѓу историјата и политиката сѐ уште не се случила“ е – неприфатливо.  При […]

    ...Прочитај повеќе...
  • Литургија во четврта недела од Великиот пост во храмот „Свети архангел Михаил“ во Автокоманда

    На 3.4.2022 година, четврта недела од Великиот пост, посветена на св. Јован Лествичник, а воедно и ден кога Црквата ги прославува и св. Јаков Исповедник и преп. Серапион, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Света Василиева Литургија во храмот „Свети архангел Михаил“ во Скопје. Пред Божествената Литургија, во чтец беше ракопроизведен г. Александар Велинов, […]

    ...Прочитај повеќе...
  • Соопштение

    Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (САС на МПЦ-ОА), разгледувајќи ги официјaлните резултати на пописот на населението, изразува сомневање во неговата статистичка прецизност.   Имено, применетата методологија во графата „религиска припадност“ очигледно не разликува припадност на религија (христијанство, ислам, јудаизам итн.), на вероисповед (православно христијанство, сунитски ислам, хасидски јудаизам итн.) и на […]

    ...Прочитај повеќе...
  • Литургија на претходноосветените Дарови во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје

    На 30.3.2022 г., среда од Крстопоклоната седмица, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан присуствуваше на Литургија на претходноосветените Дарови, во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. На Литургијата, во присуство  и на Нивните Високопреосвештенства: Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Брегалчнички г. Иларион, чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.   По […]

    ...Прочитај повеќе...
  • Крстопоклона недела во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје

    На 27.3.2022 година, во Крстопоклоната недела од Великиот пост, и ден во кој Црквата го прославува споменот на преп. Бенедикт, св. Евсхимон и св. Теогност Киевски, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Света Василиева Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. По Литургијата се одржа свечена Духовна академија.

    ...Прочитај повеќе...
  • Литургија во Неделата на св. Григориј Палама во храмот Света Петка во Црниче

    На 20.3.2022 година, во Неделата на св. Григориј Палама и споменот на  св. 7 Херсонски свешт-мч-ци, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Света Василиева Литургија во храмот „Света Петка“ во Црниче. На Светата Литургија во презвитерски чин беше ракоположен ѓаконот Теодор Колевски. По Литургијата се одржа свечена Духовна академија.

    ...Прочитај повеќе...

Меморандум на МАНУ, МПЦ-ОА и УКИМ

Македонски манифест

Во овие судбински денови за европската иднина на македонската суверена и самостојна Република, ние, легитимните претставници на Македонската академија на науките и уметностите, на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, изразувајќи ја нашата загриженост за исходот од развојот на настаните поврзани со евроинтеграцијата на нашата држава, условени од апсурдните барања на Република Бугарија, а убедени во фактот дека ги исполнуваме потребните предуслови за отпочнување на преговорите за евроинтеграција, ги повикуваме,  и охрабруваме претседателот на македонската држава, Собранието на Републиката, претседателот на Владата, печатените и електронските медиуми, научните, културните и уметничките институции и здруженија, соодветните министерства за образование и наука, за култура и за надворешни работи, собраниските и вонсобраниските политички партии, како и сите граѓани на Македонија:

  • преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ; 
  • да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет;
  • да се уважуваат не само објективните факти и научната аргументација, туку и комплексната интерпретација на историските факти, настани и личности; 
  • да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според коишто : 

а) македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен континуитет (што значи дека македонските дијалекти постојат и надвор од границата на денешна Македонија) и свој временски континуитет (што значи дека македонскиот јазик опстојувал со векови);  

б) македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќе-вековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазикот, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и наративот за припадноста на одреден географски и историски простор; 

в) споделените места на меморија на балканските и медитеранските простори подразбираат инклузивен однос, а не ексклузивно присвојување на историјата и традицијата, подразбираат интелектуална слобода, а не робување на анахроните историски стереотипи и илузии, не културен и историски хегемонизам; 

г) историската вистина не е политичка догма, туку дијалошка, повеќедимензионална категорија чувствителна на гледната точка, во тој контекст и на националниот интерес на секоја држава, вклучително и на Републиката.   

Имајќи ги предвид овие сознанија, ние, во име на врвните институции што ги претставуваме, категорично апелираме: 

  • процесот за евроинтеграција на нашата држава да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите,
  • да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни Конвенции и Декларации на ОН за правото на самоопределување и за човековите права и слободи; 
  • да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност; 
  • да се почитува волјата на македонските граѓани, припадници на македонската Република, да живеат во цивилизирани добрососедски односи и да ја продолжат практиката на соработка меѓу културните, научните, образовните, религиските и економските институции, и 
  • да не се создава конфликтен амбиент во државата, да се сочува мирот и слободниот развиток кој подразбира просперитет, алтернатива, демократија и достоинствен живот, вклучително и љубов кон сопствената татковина и држава.

Претседател на Македонската академија на науките и уметностите,

академик Љупчо Коцарев

Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима,

Стефан 

Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,

проф. д-р Никола Јанкуловски 

Скопје, 3.12.2020 г.

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com