img
Вести и настани
  • img
    Saturday, 25 January 2025

    Сочувство по повод Упокојувањето на Албанскиот Архиепископ Анастасиј

  • img
    Thursday, 23 January 2025

    Средба на Архиепископот Стефан со амбасадорот на Италија во Македонија Паоло Палминтери

  • img
    Wednesday, 22 January 2025

    Средба на Архиепископот Стефан со заменик-амбасадорот на САД во Скопје Никол Варнес

  • img
    Tuesday, 21 January 2025

    Богојавление во Охрид и во Струга

  • img
    Sunday, 19 January 2025

    Богојавление во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје

  • img
    Saturday, 18 January 2025

    Божествена Литургија во Соборниот храм

  • img
    Wednesday, 15 January 2025

    Средба на Архиепископот Стефан со Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски

  • img
    Tuesday, 14 January 2025

    Литургија во храмот „Свети Илија“ во Аеродром

  • img
    Thursday, 09 January 2025

    Божикен прием на државниот врв

  • img
    Thursday, 09 January 2025

    Трет ден Божик во храмот „Света Петка“ во Црниче

  • img
    Wednesday, 08 January 2025

    Втор ден Божик во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје

  • img
    Tuesday, 07 January 2025

    Средба во Кабинетот на Архиепископот

МОЛИТВЕНИК

  • Света Василиева Литургија во манастирот „Свети Наум Охридски“ во Радишани

    На 19.4.2025 година, Велика Сабота, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Света Василиева Литургија во манастирот „Свети Наум Охридски“ во н. Радишани. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

    ...Прочитај повеќе...
  • Утрена богослужба за Велика Сабота со Статиите на Оплакувањето Христово

    На 18.4.2025 г., Велики Петок, Неговото Блаженство, Архиепископoт Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Утрена богослужба за Велика Сабота со Статиите на Оплакувањето Христово во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. При крајот на Богослужбата беше извршена литија со Плаштаницата.  

    ...Прочитај повеќе...
  • Царски Часови и Вечерна богослужба во храмот „Света Петка“ во Црниче

    На 18.4.2025 год., Велики Петок, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше Царски Часови и Вечерна богослужба во храмот „Света Петка“ во Црниче. На Вечерната беше изнесена Плаштаницата, на која е претставено Христовото Пречисто Тело во Гробот.

    ...Прочитај повеќе...
  • Служба на светите и спасителни страданија во Соборниот храм

    На 17.4.2025 година, во навечерието на Велики петок, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше Утрена богослужба во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, на која се читаат Дванаесетте свети и страдални Евангелија. За време на службата беше изнесен и Чесниот Крст на Распетието Христово пред кој се поклони чесното свештенство и верниот […]

    ...Прочитај повеќе...
  • Василиева Литургија на Велики Четврток во храмот „Св. Димтриј“ во Скопје

    На 17.4.2025 г., Велики Четврток, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски  г.г. Стефан, богослужеше  Света Василиева Литургија во храмот „Свети Димитриј“ во Скопје. По отслужената Литургијат беше извршена Светата тајна Маслосвет.

    ...Прочитај повеќе...
  • Пасхално послание

    † СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ – ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!     Јас сум воскресението и животот. Оној што […]

    ...Прочитај повеќе...
  • Цветници во храмот „Свети Петар и Павле“ во н. Ѓорче Петров

    На 13.4.2025 година, кога Црквата го слави Влегувањето Господово во Ерусалим – Цветници, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан богослужеше Света Златоустова Литургија во храмот „Свети Петар и Павле“ во населбата Ѓорче Петров. На Светата Литургија во протојерејски чин беше ракопроизведен јерејот Гоце Мицов. По Литургијата беше одржана Духовна академија.  

    ...Прочитај повеќе...
  • Освет на камбанарија при храмот „Света Троица“ во с. Долно Лисиче

    На 12.4.2025 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со свештенослужители од Скопската православна епархија, ја освети новоизградената камбанарија при храмот „Света Троица“ во с. Долно Лисиче. По осветот следуваше културно-уметничка програма и празнична трпеза за присутниот народ.  

    ...Прочитај повеќе...
  • Лазарева сабота во храмот „Вознесение Христово“ во н. Маџари

    На 12.4.2025 година, кога црквата го слави Воскресението на четиридневно упокоениот Лазар – Лазарева сабота, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан богослужеше Света Златоустова Литургија во храмот „Вознесение Христово“ во населбата Маџари. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

    ...Прочитај повеќе...
  • Излезе од печат второто издание на Православниот молитвеник во издание на Скопската епархија

    Со особена радост ве известуваме дека, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а во издание на Скопската православна епархија, излезе од печат второто издание на Православниот молитвеник. Главната структура на истиот ја сочинуваат: голем вовед – „Молитвата како израз на нашата љубов кон Бога и кон луѓето“, утрински молитви, вечерни […]

    ...Прочитај повеќе...

Сочувство по повод Упокојувањето на Албанскиот Архиепископ Анастасиј

До чуварот на Архиепископскиот трон на Албанската Православна Црква

Со голема тага ја примивме веста за упокојувањето на Неговото Блаженство Архиепископот на Тирана, Драч, и на цела Албанија Анастасиј. 

Албанската Православна Црква, но и Православието во целост, со преминувањето на блаженоупокоениот Aрхиепископ Анастасиј изгубија светол евангелски маж, трезвен и мудар пастир втемелен во светото православно Πредание, просветлен богослов на Триединиот Бог, чувар на канонскиот поредок во Црквата и смирен подвижник на благодатта Божја. Неговото благословено и богопосветено дело за Πравославието во Албанија е рамноапостолно, зашто тој толку го возљуби албанскиот народ што стана вистински образец на љубовта Христова, сведочејќи ја љубовта што обединува, љубовта лишена од поделби, љубовта во која нема веќе ни Јудеец ни Елин, зашто сите сме едно во Исуса Христа (сп. Гал 3,28). 

Новопретставениот Архиепископ Анастасиј, сè што поседуваше, сета своја животна енергија и секој Божји дар со кој беше удостоен, несебично ги положи како жртва за своето возљубено паство кое во него препозна пастир добар кој животот свој го полага за овците свои (сп. Јн 10,11). Благословениот труд на блаженоупокоениот Архиепископ Анастасиј се препознава во од темел обновениот црковно–литургиски живот кај православните верници во Албанија и неговиот суштински удел во возобновувањето на сестринската, и со углед украсена ширум Православието, Албанска автокефална Православна Црква.

Ваше Високопреосвештенство

Дозволете Ни во овие тешки мигови за Албанската Православна Црква, во Наше име, и во името на Светиот Архијерејски Синод, свештенството, монаштвото и на сите верни чеда на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, да Ве увериме Вас, како и останатите браќа архијереи на Вашата Црква, но и сите верни чеда и почитувачи на делото на Архиепископот Анастасиј, во нашата искрена и сострадална во Христа љубов со сите вас.

Споделувајќи ја тагата со Вас и со полнотата на Албанската Црква за упокојувањето на Архиепископот на Тирана, Драч, и на цела Албанија Анастасиј, Го молиме Христа, Кој и Самиот е Живот и Воскресение (Јн 11,25), душата на блаженоупокоениот првојерарх Анастасиј да ја насели во местата на покој, во прегратките на праотецот Авраам и во населбите на праведниците. 

Бог да го прости! Споменот нека му биде вечен!

Претседател на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија

Архиепископ Охридски и Македонски

† СТЕФАН

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com