На 16.3.2025 година, во Неделата на св. Григориј Палама, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан богослужеше на Светата Василиева Литургија во храмот „Света Петка“ во Црниче. По Литургијата се одржа свечена Духовна академија.
...Прочитај повеќе...На 13.3.2025 година, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан учествуваше на промоцијата на тритомното дело „Плодови на духот“ од протопрезвитер-ставрофор д-р Ацо Гиревски, поранешен декан и долгогодишен професор на ПБФ „Св. Климент Охридски“. На промоцијата, која се одржа во НУ „Музеј на македонската борба за самостојност“, промотивно слово одржа и академик Катица […]
...Прочитај повеќе...Ве известуваме дека, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, а во издание на Скопската православна епархија, излезе од печат книгата „Автобиографија и избрани слова“ од познатиот романски архимандрит Теофил Парајан. Во книгата се разработени многуобразни теми, коишто, беспоштедно, го задираат нашето искачување по лествицата на духовниот живот. Притоа, во […]
...Прочитај повеќе...На 9.3.2025 година, во Недела на православието, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Света Василиева Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. По Литургијата се одржа свечена Духовна академија.
...Прочитај повеќе...На 8.3.2025 година, кога Православната Црква го чествува споменот на светиот великомаченик Теодор Тирон, попознат како Тодорова сабота, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан богослужеше и проповедаше во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Кривидол.
...Прочитај повеќе...На 7.3.2025 година, во првиот петок од Великиот пост, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во Архиепископскиот Соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје, зеде молитвено учество во читањето на Акатистот кон Пресвета Богородица. По читањето на истиот, следуваше благословување на Петолебието.
...Прочитај повеќе...На 7.3.2025 г. Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан оствари средба со претседателот на хрватскиот Парламент г. Гордан Јандроковиќ. На средбата присуствуваа и Амбасадорката на Република Хрватска во Македонија Н.Е. Нивес Тигањ и Епископот Хераклејски г. Климент, секретар на Синодот на МПЦ-ОА.
...Прочитај повеќе...На 7.3.2025 година, во првиот петок од Великиот пост, ословен како Чист петок, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан молитвено присуствуваше на Покајниот чин за Светата тајна исповед, наменет за свештенослужителите од Скопската епархија, а којшто, традиционално, се изврши во Архиепископскиот Соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје. На крајот од самиот чин, […]
...Прочитај повеќе...На 6.3.2025 г., Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан оствари средба со поранешниот претседател на Република Македонија, г. Стево Пендаровски. На средбата присуствуваше и Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент, секретар на САС на МПЦ – ОА.
...Прочитај повеќе...На 2.3.2025 година, кога Православната Црква се наоѓа во предворјето на Светата Четириесетница, празнувајќи ги Великите поклади – Прочка, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан зеде молитвено учество во Умилителната вeчерна богослужба, којашто беше отслужена во Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје. По завршувањето на истата, согласно на светопреданискиот дух, следуваше […]
...Прочитај повеќе...На 8.12.2024 година, кога Македонската Православна Црква го чествува својот патрон – светиот Климент Охридски, во големата сала при Музејот на македонската борба за самостојност, во бројно присуство на угледни гости, беше одржана свечена духовна академија.
На истата свои обраќања имаа: Претседателката на Република Македонија – г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова; Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, како и Продеканот на ПБФ „Свети Климент Охридски“ во Скопје – проф. д-р Виктор Недески.
Свеченоста беше проследена и со прекрасните изведби на хорот „Свети Климент Охридски“, како и на Архиепископскиот брас квартет.
[foogallery id="12473"]
На 8.12.2024 година, кога Македонската Православна Црква го чествува својот патрон – светиот Климент Охридски, во големата сала при Музејот на македонската борба за самостојност, во бројно присуство на угледни гости, беше одржана свечена духовна академија.

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје
Централа:
+389 3 230 697
Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631
Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780
Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396
Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com