
Денес, на 18.5.2026 година, во Македонската архиепископија се одржа редовната годишна седница на Архиепископскиот управен одбор. Со седницата претседаваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а на неа учествуваа претставници од сите епархии на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од територијата на Македонија, како и на образовните институции на нашата Света Црква. […]
...Прочитај повеќе...На 16.5.2026 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан – во сослужение со Нивните Високипреосвештенства, Митрополитите: Повардарски г. Агатангел и Тетовско-гостиварски г. Јосиф, како и со свештенослужители од Скопската православна епархија – чиноначалствуваше на Осветувањето на манастирскиот храм посветен на свети Јован Крстител во с. Љубанци, Скопско. При самиот крај на Божествената […]
...Прочитај повеќе...На 13.5.2026 година, во просториите на Македонската Архиепископија, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, оствари средба со делегација од Канада, составена од: канадските претприемачите со македонско потекло г. Џон Битов и г. Јордан Битов, шефот на Кабинетот на канадскиот премиер г. Марко Медичино, специјалистот по спортска медицина д-р Антонио Галеа и неговата […]
...Прочитај повеќе...До Неговата светост и блаженство Новоизбраниот Патријарх-католикос на цела Грузија, Архиепископ Мцхетски и Тбилиски и Митрополит Пицундски и Сухумско-абхазиски г. г. Шио III Ваша Светост, Христос Воскресна! Во овие светли пасхални денови, нашата духовна радост е многукратно умножена со веста дека на Проширениот црковен собор на Грузиската Црква, архијереите водени и просветлени од Светиот […]
...Прочитај повеќе...На 11.5.2026 г., Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, присуствуваше на свеченото отворање на Меѓународниот научен симпозиум на тема „Средба со Бога: новозаветни духовности“ и со поздравно слово се обрати пред присутните гости. Овој бележит настан ќе се одржи во Скопје и во Охрид во периодот 11 – 16 мај 2026 г. […]
...Прочитај повеќе...Ве известуваме дека, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, а во издание на Скопската православна епархија, излезе од печат книгата „Логострој“ од Дарио Божиновски. Книгата претставува дел од созерцателната и духовна потрага по скриените значења на навидум обичните зборови и изрази во македонскиот јазик кои честопати ги изговараме, без […]
...Прочитај повеќе...На 5.5.2026 година, во просториите на Македонската Архиепископија, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, оствари средба со делегација од Темишварскиот богословски факултет при Романската Православна Црква, составена од професорот по предметот Мисиологија – отец Мариус Флореску, свештеникот Чуса Емануел и седуммина студенти. Средбата протече во благословена и пријатна атмосфера.
...Прочитај повеќе...На 5.5.2026 година, во својот Кабинет, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, оствари средба со професорите Православниот богословски факултет “Свети Думитру Станилое ” во Јаши, проф. д-р Хрисостом Радашану и проф. д-р Богдан Брнза. На средбата присуствуваше и деканот на нашиот Богословски факултет, проф. д-р Илија Мицевски-Игнат.
...Прочитај повеќе...На 4.5.2026 година, по повод одбележувањето 123-годишнината од загинувањето великиот македонски револуционер Гоце Делчев, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со свештенослужители на Скопската епархија, отслужи Панихида пред Гоцевиот гроб, во дворот на храмот ,,Вознесение Христово” (,,Св. Спас”), крај Скопско кале.
...Прочитај повеќе...На 28.4.2026 г., во манастирот „Св. Пантелејмон“ во с. Горно Нерези, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во придружба на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, оствари средба со поклоничка група од сестринската Романска Православна Црква. Поклоничката група беше предводена од Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Молдова и Буковина и Архиепископ на Јаши, […]
...Прочитај повеќе...На 17.4.2026 година, во петокот од Светлата седмица (Источен Петок - Балаклија), посветен на обновувањето на храмот на Пресвета Богородица во Цариград, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, отслужи Света Литургија во храмот посветен на „Свети Јован Крстител“ во Капиштец.
На Литургијата во јерејски чин беше ракоположен ѓаконот Борис Георгиев.
[foogallery id="17133"]
На 17.4.2026 година, во петокот од Светлата седмица (Источен Петок - Балаклија), посветен на обновувањето на храмот на Пресвета Богородица во Цариград, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, отслужи Света Литургија во храмот посветен на „Свети Јован Крстител“ во Капиштец.
На Литургијата во јерејски чин беше ракоположен ѓаконот Борис Георгиев.
[foogallery id="17133"]
На 17.4.2026 година, во петокот од Светлата седмица (Источен Петок - Балаклија), посветен на обновувањето на храмот на Пресвета Богородица во Цариград, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, отслужи Света Литургија во храмот посветен на „Свети Јован Крстител“ во Капиштец.
На Литургијата во јерејски чин беше ракоположен ѓаконот Борис Георгиев.
[foogallery id="17133"]
МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје
Централа:
+389 3 230 697
Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631
Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780
Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396
Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com