Великомаченик Георгиј
Овој славен и победоносен светител беше роден во Кападокија од богати и благочестиви родители. Татко му пострада за Христа, а мајка му се пресели во Палестина. Кога порасна, Георгиј отиде во војска и во својата дваесетта година го стекна чинот трибун и како таков служеше при царот Диоклецијан. Кога овој цар започна страшно гонење на христијаните, Георгиј истапи пред него и одважно исповеда дека е христијанин. Царот го фрли во затвор, па нареди нозете да му ги стават во клади, а на градите да му положат тежок камен. Потоа нареди и го врзаа на тркало под кое имаше штици со големи клинци и така го вртеа додека целото тело не му стана како една крвава рана. Потоа го закопа во ров, така што надвор од земјата му беше само главата и го остави во ровот три дена и три ноќи. Потем со помош на некој магионичар му даде да испие смртоносен отров. Но при сите овие маки Георгиј непрестајно Му се молеше на Бога и Бог веднаш го исцелуваше и на големо одушевување на народот, го спасуваше Својот маченик од смртта. Кога свети Георгиј со молитва воскресна и еден мртовец, тогаш многумина ја примија верата во Христа. Меѓу нив беше и царевата жена Александра и главниот жрец Атанасиј, земјоделецот Гликериј, и Валериј, Донат и Терин. Најпосле царот ги осуди свети Георгиј и својата жена Александра на смрт со меч. Блажената Александра издивна на губилиштето пред да ја убијат, а свети Георгиј пострада во 303 година. Безбројни се чудата што се јавија на неговиот гроб. Многубројни се и неговите јавувања во сон и на јаве на многумина коишто го спомнуваат и ја бараат неговата помош до денешен ден. Сиот разгорен од љубов кон Господ Христос, свети Георгиј без тешкотии остави сѐ заради својата љубов: чин, богатство, царски почести, пријатели и сиот свет. За оваа љубов Господ го награди со венец на невенлива слава на небото и на земјата и со живот вечен во Своето царство. И го дарува со сила и власт да им помага во бедите и неволјитена оние што го слават и призиваат неговото име.
Маченик Лазар Нови
Родум беше Бугарин од Габрово. Како момче го остави родниот крај и отиде во Анадолија. Таму во едно село Сома, чуваше овци. Но затоа што беше христијанин го навлече на себе гневот на Турците и еден ага го фрли во затвор. После долги и нечовечни измачувања, кои Лазар, од љубов кон Христа, ги поднесе храбро, го убија на 23 април 1802 година, на 28 годишна возраст. Господ го прими во Своите вечни дворци и го прослави на небото и на земјата. Над неговите свети мошти се случија многубројни чуда.

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје
Централа:
+389 3 230 697
Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631
Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780
Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396
Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com