img
Вести и настани
Во моментов листата е празна.

Преп. Теодор Осветен
Блаж. девица Муза
Св. Николај Мистик, патријарх Цариградски
Св. новомаченик Николај
Преп. мч-ци Саваити

Преподобен Теодор Осветен

Беше ученик на свети Пахомиј. Иако беше роден и воспитан како незнабожец, како млад дојде до познание на вистинската вера, се крсти и кога чу за свети Пахомиј, побегна во манастирот тајно од своите родители. Свети Пахомиј го замонаши и го возљуби поради неговата необична ревност и послушност. Кога дојде мајка му да го вика да се врати назад, тој не сакаше да ѝ се јави, туку Му се молеше на Бога за неа, за да ја просветли и неа со вистината. И навистина, мајката не само што не го врати син ѝ дома туку и самата не се врати: го виде во близина женскиот манастир со којшто управуваше сестра му на Пахомиј, стапи во него и се замонаши. По извесно време дојде во манастирот и брат му на Теодор, Пафнутиј, па и тој се замонаши. Еднаш се случи епископот на градот Панопол го повика Пахомиј да уреди манастир за многубројните коишто го сакаа монашкиот живот. Пахомиј го зеде со себе Теодор и главно нему му ја предаде должноста околу устројувањето на манастирот. По смртта на Свети Пахомиј, Теодор стана игумен на сите манастири на Пахомиј и поживеа благоугодно до длабока старост, управувајќи со мноштво монаси на патот кон спасението. Се упокои мирно и се пресели во царството на вечната светлина во 368 година.

Блажената девица Муза

За нејзе свети Григориј Двоеслов вели дека имала само девет години кога на двапати ѝ се јавила Пресвета Богородица, опкружена со сјајни девици. Кога Муза израза желба и таа да биде во онаа пресјајна придружба на Небесната Царица, Богородица ѝ рече дека по еден месец ќе дојде по неа и ќе ја земе. И ѝ заповеда како треба да живее во тие триесет дена. Дваесет и петтиот ден Муза падна на постела, а триесеттиот ден повторно ѝ се јави светата Пречиста и ја повикуваше со тивок глас, на што Муза одговари: „Еве ме, доаѓам, Госпоѓо!“ И издивна. Од овој премина во вечниот живот во 5 столетие.

Свети Николај Мистик, патријарх Цариградски

Се прослави со необична строгост на животот. Царот Лав се ожени по четврти пат, поради што патријархот му забрани да влегува в црква, а свештеникот што го венча го расчини. За ова царот го симна патријархот и го протера во манастир. Делегатите на римскиот папа Сергиј III му го одобрија на царот и тој четврти брак. Но кога умре царот, Николај повторно се врати на патријаршискиот престол и свика собор во 925 година, на којшто четвртиот брак воопшто им беше забранет на христијаните. Се упокои во 930 година. Во она време кај нив „мистик“ се нарекуваше најстариот член на царскиот совет. Значи овој светител порано беше дворјанин со висок чин, но потоа ја остави суетата на светот и се замонаши. Се упокои мирно во 930 година.

Свети новомаченик Николај

Беше родум од Епир. За верата Христова беше мачен од Турците и заклан во Трикали, 1617 година. Главата на овој маченик и денес се чува во еден од Метеорските манастири во Тесалија. Прави многу чуда, лечи најтешки болести, а особено е познато дека од нивите изгонува скакулци.

Преподобни маченици Саваити

Во времето на царот Ираклиј, околу 610 година, за верата Христова пострадаа четириесет и четворица монаси од манастирот на посветен на свети Сава Осветен кај Ерусалим. Нивното јуначко страдање го опиша очевидецот Свети Антиох (житие под 24 декември според јулијанскиот календар).

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com