Преподобен Теодор Сикеот
Место на неговото раѓање беше селото Сикеа, поради што го нарекоа Сикеот. Уште како десетгодишно момче се предаваше на строг пост и сеноќна молитва, по примерот на некој старец Стефан, којшто живееше во неговиот дом. Неговата мајка Марија беше богата вдовица и сакаше својот син да го посвети на воената служба. Но во сон ѝ се јави свети Георгиј и ја извести дека Теодор Му е наменет на служба не на земниот туку на небесниот Цар. Свети Георгиј многупати му се јавуваше и на самиот Теодор, за да го поучи или за да го спаси од некоја опасност во којашто го ставаа злобните демони. Имаше и неколку виденија на Пресвета Богородица. Неговиот подвиг со суровоста ги надминуваше подвизите на сите живи подвижници на неговото време. Телото си го измачуваше со жед и глад и со железни вериги и сеноќно стоење на молитва. Сѐ само за да ја врзе својата душа со љубовта кон Бога и да ја направи господарка над телото. На неговата љубов милостивиот Господ одговори со љубов. Му подари голема моќ над нечистите духови и над сите болести и маки човечки. На сите страни се прочу како чудотворен исцелител. Заради големата чистота и духовност и покрај неговата волја беше избран за епископ Анастасиополски. На епископската служба помина единаесет години, а потоа Го измоли Бога да го ослободи од таа служба за повторно да му се посвети на својот омилен подвиг. Потоа се врати во својот манастир, каде што на старост Му ја предаде својата душа на Господ заради Кого доброволно многу страдаше. Се упокои во почетокот на царувањето на царот Ираклиј, околу 613 година.
Маченик Леонид
Таткото на Ориген. Пострада за Христа во Александрија во 202 година. Најпрво со царски указ му го одзедоа сиот имот, а потоа го осудија на смрт. Ориген му пишуваше на својот татко во затворот: „Татко, не грижи се за нас и не го одбегнувај мачеништвото заради нас“ (односно, заради децата).
Преподобен Виталиј
Во времето на патријархот Јован Милостив се појави еден млад монах којшто штом дојде состави список на сите блудници во Александрија. Неговиот подвиг беше исклучителен и уникатен. Дење се грабаше да ги работи најтешките работи, а ноќе одеше во домовите на блудниците, ги даваше парите на некоја блудница и со неа ќе се затвореше в соба цела ноќ. Штом ќе се затвореа Виталиј ќе ја замолеше жената таа да легне да спие, а тој во аголот на собата цела ноќ ќе ја поминеше молејќи Му се на Бога за таа грешница. Така ќе ја сочуваше да не греши барем една ноќ. Наредната ноќ ќе отидеше кај друга, третата кај трета и така сѐ дури не ги поминеше сите, а потоа почнуваше од почеток. По неговите совети многу од овие грешни жени го оставија својот валкан занает, па едни се омажија, други отидоа во манастир, трети тргнаа да работат чесно за својот леб. На сите овие жени Виталиј им забрануваше да објавуваат зошто оди кај нив. Поради ова тој стана соблазна за цела Александрија. Луѓето на улица го навредуваа, го плукаа и го тепаа. Но тој трпеливо поднесуваше сѐ , покажувајќи ја својата добродетел пред Бога, а криејќи ја од луѓето. За него се дозна дури кога умре. На неговиот гроб почнаа да се случуваат многу чудесни исцеленија; народот од разни страни почна да ги донесува своите болни на гробот на свети Виталиј. Плукан од луѓето, тој беше и остана прославен од севидливиот Бог.

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје
Централа:
+389 3 230 697
Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631
Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780
Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396
Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com