Преподобен Теодор Трихина
Цариграѓанин и син на богати родители. Како млад ги остави родителите, домот и богатството и се насели во еден пустински манастир во Тракија. Таму се предаде на најтешки подвизи. Спиеше на камења - за да има помалку сон - постојано одеше гологлав и се облекуваше во една наметка од кострет, заради што и го нарекоа „трихин“ што значи „кострет“. Заради ова големо самоизмачување за спасението на душата, Бог му подари голем дар на чудотоврство и за време на животот и после смртта. Се упокои мирно околу 400 година. Телото му се покажа мироточиво.
Преподобен Анастасиј Синајски
Игумен на Синајската Гора. Долго време беше монах кај славниот игумен Јован Лествичник, а по неговата смрт самиот стана игумен. Освен тоа што беше голем подвижник, беше и красноречив писател на житија на светиите, а и на други поучни списи. Водеше жестока борба против еретиците акефалити (безглавници), кои го одрекуваа Четвртиот вселенски собор во Халкидон. Се упокои во длабока старост во 685 година, и отиде при Господа, Кому верно му служеше.
Блажен Анастасиј Синаит патријарх Антиохиски
Беше монах на Синасјката Гора кога го избраа за антиохиски патријарх во времето на царот Јустинијан. На таа положба го воздигна неговата добродетел, чистотата на животот, големата духовна ученост и цврстата вера. Но царот Јустинијан падна во докетската ерес, против којашто остро станаа цариградскиот патријарх Евтихиј и овој блажен Анастасиј. Царот го прогони Евтихиј, а сакаше да го гони и Анастасиј, но не можеше да му најде никаква замерка на животот. Пред смртта царот Јустинијан се покаја и го врати на престолот патријархот Евтихиј, но неговиот наследник Јуст врз основа на некои клевети го прогони Анастасиј. Тој во прогонство дваесет и три години, а во времето на царот Маврикиј повторно го вратија на Антиохискиот престол. Управуваше со Црквата Божја уште шест години и својот земен пат го заврши во 599 година.
Блажен Григориј патријарх Антиохиски
По народност Ерменин. Беше игумен на манастирот Фаран под Синајската Гора. Кога блажениот Анастасиј беше протеран од престолот, Григориј и покрај неговата волја беше поставен за антиохиски патријарх. Многу пофално за него пишува и блажениот патријарх Софрониј во својот Лемонар. Григориј се одликуваше со особено милосрдие, особено кон грешниците. Се упокои во Господа во 593 година.

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје
Централа:
+389 3 230 697
Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631
Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780
Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396
Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com