Преподобен Јован
Ученик на свети ГригоријДекаполит. Во времето на иконоборната ерес царот Лав Ерменец го подложи свети Јован на маки заедно со неговиот учител свети Григориј и со свети Јосиф Песнописец. Кога свети Григориј го заврши својот земен живот, Јован стана игумен на Декаполитовиот манастир во Цариград. Штом стана игумен, тој го удвои својот подвиг поради Царството Божјо. Се упокои мирно околу 820 година. По смртта свети Јосиф го погреба близу до гробот на неговиот учител свети Григориј.
Светиот маченик Јован Нови Јанински
Родум од Јанина, некогаш престолнина на царот Пир. Кога неговите сиромашни родители умреа, младиот Јован се пресели во Цариград и таму го продолжи својот занает (бидејќи беше занаетчија). Не многу пред тоа Турците го беа освоиле Цариград и многумина христијани од страв се одрекоа од Христа и примија ислам. Продавницата на свети Јован беше токму меѓу овие потурци. Колку што повеќе тој гореше од љубов кон Господ Христос, толку посилно се изразуваше како христијанин меѓу предавниците на Христа. И почна да се препира со нив за верата, а најпосле и да ги укорува за предавство. Тие тогаш го одвлекоа на суд и лажно го обвинија дека божем порано го примил исламот, но повторно се вратил во христијанството. Откако го мачеа и биеја со стапови и со железни шипки, го фрлија в затвор. Наредниот ден - а беше денот на Воскресението Христово, повторно го поведоа на мачење, а Јован излезе радосно пеејќи: „Христос воскресна од мртвите!“ На своите мачители храбро им рече: „Правете што сакате за поскоро да ме испратите од овој краткотраен земен живот во животот вечен: јас сум роб Христов, Христа Го следам, за Христа умирам, за да живеам со Него!“ По ова го врзаа во синџири и го одведоа да го запалат. Кога го виде големиот оган подготвен за него, Свети Јован самиот потрча и скокна во пламенот. А неговите мачители штом видоа како скока и колку ја сака смртта, го извлекоа од огнот и го осудија на смрт со меч. Откако му ја отсекоа главата, ги фрлија и телото и главата во огнот. Подоцна христијаните ја растргнаа пепелта и собраа некои остатоци од неговите чесни и чудотворни мошти и го погребаа во Великата црква во Цариград. Таму свети Јован се упокои со маченичка смрт и прими венец на Божествена слава на 18 април 1526 година.
Свети маченици Виктор, Зотик, Зинон, Акиндин и Северијан
Сите беа намачени во времето на царот Диоклецијан. Беа незнабожци додека не ги видоа маките на Светиот великомаченик Георгиј. Но кога ги видоа неговите маки и храброста на славниот Христов маченик, сите чудеса што се пројавија во времето на неговото страдање, ја примија христијанската вера за којашто наскоро и самите пострадаа и се овенчаа со слава.

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје
Централа:
+389 3 230 697
Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631
Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780
Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396
Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com