Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни
Родени браќа, родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин). Но кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски. На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.
Свети свештеномаченик Мокиј
Римјанин по раѓање и свештеник во Амфипол, град македонски. Пострада за време на Диоклецијан. Со молитва ја скрши статуата на богот Дионис, со што некои од незнабожците ги огорчи против себеси, а некои пак ги приведе кон верата. Беше заклан за Христа во 295 година.
Свети Никодим Пеќски
Овој велик јератх по раѓање беше Србин. Се подвизуваше на Света Гора и беше игумен на Хиландар. По смртта на Сава III. Во 1317 година беше избран за атхиепископ на „сите српски и поморски земји“. Тој го круниса крал Милутин во 1321 година. Го предеве Ерусалимскиот типик. Во предговорот на оваа книга, вели: Семоќниот Бог, Кој ја знае нашата немоќ, ќе ни даде духовна моќ, но само ако ние најнапред покажеме труд“. Искрено го љубеше подвижничкиот живот и се трудеше него да го утврди во српската земја. Неуморно се трудеше во искоренувањето на богомилската ерес и во утврдувањето на православната вера. Се упокои во Господа во 1325 година. Неговите чудотворни мошти почиваат во манастирот во Пеќ.

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје
Централа:
+389 3 230 697
Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631
Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780
Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396
Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com