img
Вести и настани
Во моментов листата е празна.

Светол вторник
Св. апостоли Иродион, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј
Св. мч. Павсилип
Св. Келсестин, папа Римски

Светите апостоли Иродион, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј

Сите беа од Седумдесеттемина апостоли. Св. апостол Павле ги спомнува во своите Посланија. „Поздравете го“, им пишува Павле на Римјаните, „мојот роднина Иродион“ (16, 11). Иродион пострада од Евреите многу како епископ Неопатарски; го биеја со стапови по главите, со камења по усните, го бодеа со ножови. И кога го оставија како мртов, св. Иродион стана и продолжи да им служи на апостолите. Во Рим му помагаше на св. апостол Петар. Го убија заедно со многумина други христијани истиот ден кога беше распнат Петар. Свети Агав имаше пророчки дух. Во Делата Апостолски се спомнуваат две негови пророштва. Прво, прорече голем глад по сиот свет, што и се случи во времето на кесарот Клавдиј. И второ, кога во Кесарија се сретна со апостолот Павле којшто одеше за Ерусалим, Агав го зеде Павловиот појас, си ги врза рацете и нозете, велејќи: „Вака вели Светиот Дух: човекот чијшто појас е ова вака ќе го врзат во Ерусалим Евреите“ (Дела 21, 11). Свети Руф беше епископ во Тива Јудејска. И него го спомнува апостолот Павле: „Поздравете го Руф, избраниот во Господа“ (Рим. 16, 13). Беше епископ во Ирканија азиска. Свети Флегонт, кој се спомнува на истото место, беше епископ во тракискиот град Маратон. Свети Ермиј спомнат со останатите, беше епископ во Далмација. Сите тие како пчели Христови го разнесуваа медот на Евангелието по разни краишта, страдајќи многу за љубовта Христова. Сите се преселија во вечното царство на љубениот Христос.

Свети маченик Павсилип

Светиот маченик Павсилип пострада во времето на императорот Адријан (117-138). По жалба на незнбожците беше донесен на суд при императорот и бестрашно објави дека е христијанин. Го биеја со железни палки и го предадоа на управникот Прециј, кој долго се обидуваше да го убеди маченикот да им принесе жртва на идолите. Но тој беше непоколеблив, па управникот нареди да го заковаат во окови и да го однесат. По патот светиот Павсилип усрдно се молеше Господ да го избави од рацете на мачениците и да му прати смрт. Господ го услиша: маченикот, силно биен и истоштен, почувствува таква сила, што ги раскинал железните окови и побегна од оние што го чуваа. Тие поитаа по него, но светиот Павсилип се упокои дур бегаше. Христијаните со почести го погребаа телото на маченикот.

Свети Келсестин, папа Римски

Во текот на неколку лета од своето епископство, свети Келестин успешно истапуваше во заштита на вистинската вера, активно борејќи се со пелегијанството, кое се беше распространило во многу помесни западни цркви. Откако од свети Кирил Александтиски беше известен за несторијанската ереси, Келестин успеа да ја осуди на помесниот собор одржан во Рим во 430 година. Се упокои мирно во 432 година.

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com