img
Вести и настани
Во моментов листата е празна.

Св. Марта и Марија
Св. Митрофан Цариградски

Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

Неговиот татко Дометиј, брат на римскиот цар Пров, побегна од Рим како христијанин за време на гонењето на христијаните и дојде во Византија. Византискиот епископ Тит го посвети за презвитер. По смртта на Тит, Дометиј стана епископ Византиски. По смртта на Дометиј, епископскиот престол го зазеде неговиот постар син Пров, а по неговото упокојување, престолот епископски го зазеде Митрофан. Кога царот Константин првпат го виде Митрофан, го возљуби како татко. Во времето на Првиот вселенски собор Митрофан беше веќе старец на сто и седумнаесет години, па не можејќи самиот да земе учество во работите на Соборот за свој заменик го одреди хороепископот Александар. На Соборот царот му го издејствува чинот Патријарх. И така тој стана првиот патријарх Константинополски. Царот го повика и целиот Собор да го почести со посета престарениот и болен архипастир. Кога царот го запраша кого би го сакал за наследник на патријаршискиот престол, Митрофан го назначи Александар, а потоа му рече на Александар Александриски: „О брате, пресветол наследник ќе оставиш ти!“ И го зеде за рака архиѓаконот Атанасиј, подоцна Атанасиј Велики, патријарх Александриски, и го пофали пред сите. По ова пророштво се прости со сите и по десет дена ја предаде душата на Бога, во 325 година.

Свети маченик Конкордиј

Беше голем испосник и чудотворец за време на овоземниот живот. Во времето на царот Антонин беше уапсен поради верата во Христа. После мачење и робија, беше изведен пред камениот идол Диј за да му се поклони. Тој плукна на идолот и поради тоа веднаш беше убиен со меч.

Светите маченици Фронтасиј, Северин, Северијан и Силан

Беа мачени во времето на царот Клавдиј, во Франција. Кога им беа отсечени главите тие станаа, си ги зедоа своите глави в раце, преминаа преку реката Ил и дојдоа до црквата на Пресвета Богородица, во која се молеше епископот Фронтон. Штом влегоа в црква, ги положија своите глави пред нозете на епископот, па легнаа и си ги прекрстија рацете на градите. Овде беа чесно погребани. На нивниот погреб се слушаше пеење на невидливите ангелски војски.

Преподобен Зосим, епископ на Нов Вавилон, град Мисирски

Се подвизуваше на Синајската Гора. Дојде по работа во Александрија, но тогаш беше посветен за епископ Вавилонски од блажениот патријарх Аполинариј. Беше пресветол пастир на Христовото стадо. Кога го совладаа староста и уморот, повторно се повлече на Синај, и таму ја предаде својата душа на Бога и прими венец на слава меѓу великите јерарси. Живееше и се упокои во 6 век.

Свети свештеномаченик Астиј, епископ Драчки

Пострада во времето на царот Трајан. Најпрво го биеја со оловни прачки, а потоа го соблекоа и гол го распнаа на дрво. Голото тело му го намачкаа со мед за да го касаат осите и стршените. Славејќи Го Бога во најголеми маки, Свети Астиј издивна и прими два венци: и како маченик и како јерарх.

Светите сестри Марта и Марија

Сестрите на Лазар. По Вознесението на Господ, Лазар отиде да го проповеда Евангелието. Во ова му помагаа неговите сестри. Не се знае каде се упокоија.

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com