Свети Мартин, папа Римски
Во времето на јаросната расправа на православните со еретиците монотелити, на 5 јули 649 година беше посветен за папа. Тогаш царуваше Констанс II, внукот на Ираклиј, а цариградски патријарх беше Павле II. Со цел да се воспостави мир во Црквата самиот цар ја напиша книшката Образец на верата, којашто им беше по волја на еретиците. Папата Мартин свика собор од сто и петмина епископи, на којшто оваа царева книшка беше осудена. Во исто време папата му напиша писмо на патријархот Павле II, молејќи го да се држи до чистата православна вера и да го посоветува царот да ги остави еретичките мудрувања. Ова писмо ги разлути и патријархот и царот. Затоа царот испрати во Рим еден војвода по име Олимпиј, за да го доведе римскиот папа врзан во Цариград. Војводата не се дрзна да го врзе папата, туку наговори еден војник да го убие со меч в црква. Но кога влезе војникот со скриениот меч во црквата, одеднаш ослепе. И со Божјата Промисла Мартин ја избегна смртта.
Во тоа време, пак, Сарацените напаѓаа на Сицилија и војводата Олимпиј замина за Сицилија и таму умре. Тогаш со сплетка на патријархот-еретик Павле II, царот испрати друг војвода, Теодор, за да го врзе и да го доведе папата под обвинение дека тој, папата, стои во дослух со Сарацените и дека не ја почитува Пресвета Богородица. Кога војводата стаса во Рим и го прочита обвинението против папата, овој одговори дека тоа е клевета, дека самиот нема никаква заедница со Сарацените коишто се противници на христијанството, „а оној што не ја почитува Пречиста Богородица и не ја исповеда и не ѝ се поклонува, да биде проклет и на овој и на оној век“. Ова не ја измени одлуката на војводата. Тој го доведе папата врзан во Цариград, а таму свети Мартин мошне болен лежеше во затвор, мачен и исцрпуван со глад, додека најпосле не го осудија на прогонство во Херсон, каде што поживеа две години и издивна заради Господ во 655 година. Две години пред него умре во покајание Павле II. И кога царот го посети пред смртта, тој ја заврте главата на другата страна и заплака исповедајќи дека многу грешеше против папата Мартин. Пред смртта Павле II го молеше царот да го ослободи светиот папа Мартин.
Свети Вилненски маченици Антониј, Јован и Евстатиј
Сите тројца беа прво незнабожци и поклоници на огнот. Беа слуги на дворецот на литовскиот кнез Олгард во Вилна. Порано се нарекуваа: Круглец, Кумец и Нежило. Сите тројца ги крсти свештеникот Нестор. Кога Олгард започна откриено да ги подржува жреците-огнопоклоници, кои ги прогонуваа христијаните, светите браќа Јован и Антониј отворено престанаа да ги извршуваат идолопоклонските дејанија и ја исповедаа христовата вера. Затоа кнезот ги стави в затвор, кадешто во голема мака минаа една година. Јован се исплаши од маченијата што им беа наверстени и објави дека ги исполнува сите укази на кнезот. Тој се израдува и ги ослободи браќата. Но Антониј одби да го предаде Христа, и повторно беше фрлен во заточеништво. Гледајќи ја непоколебливата вера на својот брат, Јован се покаја, отиде кај свештеникот Нестор, и попроси прошка. Наскоро потоа, му соопшти и на великиот кнез за своето враќање во бедрото на Црквата, па повторно беше затворен. Браќата ги обесија еден по друг на ист даб во 1347 година.
Надежта на жреците дека со смртта на Антониј и Јован се завршила проповедта за Христос, не се оправда. Нивниот роднина Евстатитј, млад човек што се одликуваше со својата храборост и убавина, но најповеќе со својот ум и душевна доброта, истапи и исповедаше дека е верно Христово чедо и дека одбива да изршува незнабожечки обреди. Затоа и тој беше измачуван и обесен на истиот даб. Овој даб христијаните го исекоа и изградија црква во слава на Пресвета Троица.
Во таа црква ги положија моштите на мачениците, а на трупот од дабот ја направија чесната трпеза. Подвигот на светите маченици имаше огромно значење за сиот крај. Вилненскиот манастир, чија главна црква денес е посветена на Светиот Дух, и во кој и ден-денес се чуваат нивните мошти, стана бастион на тамошното православие.
Свети маченик Ардалион
Прво беше глумец комедијант. За развеселување на народот најпрво играше улога на маченик за верата и на сите можни начини ги исмеваше христијаните. Но кога настана гонењето на христијаните во времето на Максимијан, тој сосема се измени во духот. Еднаш на претстава играше улога на христијанин кој, според замислата на авторот, најнапред требаше да одбива да принесе идолопоклоничкижртва, но потоа, сепак да се согласи и да се одрече од Христос. Дејството на претставата налагаше Ардалион на се заврзе на дрво и да биде „измачуван“. Но, одеднаш Ардалион гласно ѝ рече на целата публика да замолчи и пред сите го исповедаше Христа и одби да продолжи со претставата. Управникот на градот се обиде да му нареди да продолжи со глумата и да се откаже од Христос, но Ардалион остана непоколеблив и за ова го изведоа на суд. Пострада врзан за усвитена железна леса и така ја одигра својата вистинска и чесна улога на маченик.

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје
Централа:
+389 3 230 697
Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631
Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780
Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396
Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com