img
Вести и настани
Во моментов листата е празна.

Св. свешт-мч. Терапонт, епископ Сардиски
Св. мач. Теодора и Дидим
Св. Давид Гареџиски

Свети свештеномаченик Терапонт, епископ Сардиски

Мнозина Елини ги обрати во верата Христова, заради што од незнабожците беше луто мачен со глад, затвор и ќотек. Гол го положија на земја, го врзаа за четири суви колца, па немилосрдно го биеја додека не му го свлекоа месото од коските. Но маченикот сепак остана жив, а оние суви колци зазеленеа и пораснаа во високи дрвја, од коишто големо мнозинство болни добиваа исцеление. Најпосле Свети Терапонт беше заклан како јагне, во времето на Валеријан и со душата се пресели во Царството Небесно за да ја гледа славата Божја во вечноста. Чесно пострада 259 година.

Свети маченици Теодора и Дидим

Во времето на злочестивиот цар Максимилијан живееше во Александрија девицата Теодора, благородна по род и воспитание. Како христијанка ја изведоа на суд пред незнабожците. По долги истизавања за верата во Христа, кнезот мачител нареди да ја фрлат во блудилиште и да им биде дозволено на војниците да влегуваат кај неа заради задоволување на телесната похот. Света Теодора усрдно Му се молеше на Бога да ја спаси од скверноста. И додека се молеше влезе кај неа војникот Дидим и ѝ рече дека и самиот е Христов слуга, па ја облече нејзината облека, а нејзе ѝ ја даде војничката. Тој Теодора ја пушти да излезе, а самиот остана во блудилиштето. За ова Дидим го фатија и го изведоа на суд, а тој призна дека е христијанин и дека ја спаси Теодора и дека е готов за Христа да умре. Беше осуден на смрт и изведен на губилиште. Тогаш кај него дотрча Теодора и му викна: „Ако ми ја спаси честа не барав да ме спасиш и од смртта. Отстапи ми го мене мачеништвото!“ На ова Свети Дидим ѝ рече: „Возљубена сестро, не спречувај ме да умрам за Христа и со крв да си ги измијам гревовите!“ Кога ја слушнаа оваа препирка незнабожците ги осудија обајцата на смрт и беа убиени со меч, па им ги изгореа телата во оган. Чесно пострадаа и понесоа венци на бресмртна слава во 304 година во Александрија.

Свети Давид Гареџиски

Еден од Тринаесетте отци грузиски (под 7 мај). Наречен така заради Гареџиската Пустина во близина на Тифлис, каде што се подвизуваше. На старост со неколкумина ученици реши да ја посети Светата земја. Го остави манастирот да го управуваат старците Лукијан и Додо и тргна на пат. Кога стигнаа до еден рид од кој се гледаше Ерусалим, Давид заплака и рече: „Како да се дрзнам со овие мои грешни нозе да одам по стапките на Богочовекот?“ Па им рече на своите ученици тие, како достојни, да појдат да им се поклонат на светостите, а тој зеде три камења и се врати назад. Но Господ не даде да се сокрие од светот тоа смирение и ангел му јави на Илија, патријархот Ерусалимски и му рече: „Испрати веднаш по старецот што се враќа за Сирија; тој носи три камења, со себе ја однесе сета благодат на Светата Земја, нему за благослов му е доволен еден, нека ги врати другите два во Ерусалим. Тој старец е авва Давид Гареџиски“. Патријархот брзо испрати луѓе да го стигнат старецот Давид и да му ги земат двата камења, а него да го пуштат. Оној третиот камен до денес лежи на неговиот гроб и има чудотворна сила на исцелување.

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com