На Велигден, на овој најголем христијански празник, ја исповедаме тајната на Победителот – Самиот Господ Христос, Кој, преку Своето славно воскресение од мртвите, ја победи смртта и смртното го облече во бесмртно. Денес е денот кога ни се откри тајната на љубовта Божја кон човечкиот род, која остана вечна врска помеѓу човекот и Бога, потврдена преку Крстот и Воскресението Христови, како и преку подвизите на сите богоугодници и достојни последователи во изминативе дваесет столетија.
Радувајќи се на денешниот празник над празниците во Црквата Христова, повикани сме секогаш и пред секого да Го исповедаме Христа распнатиот, воскреснатиот и прославениот. Како вистински христољупци, повикани сме да ја благовестиме победата над смртта, над гревот и омразата, над неправедноста и насилството, над страдањата и темнината, и да придонесуваме да завладеат праведноста, мирот и радоста во Светиот Дух.
Со Христовото воскресение се прекина силата на смртта и тоа стана темел на нашата вера и врата за вечната заедница со Бога. Тоа е гаранција и за нашето воскресение, зашто Христос воскресна од мртвите и со тоа стана првина за умрените. Во Него сите ќе бидат оживеани, оти љубовта Божја е посилна од гревот и смртта.

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје
Централа:
+389 3 230 697
Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631
Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780
Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396
Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com