На 14.1.2023 г., кога Црквата ги прославува Обрезанието Господово и празникот на свети Василиј Велики, а воедно и ден кога започнува новото лето Господово во помесните Цркви коишто се водат според Јулијанскиот календар, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше на Светата божествена Василиева Литургија во храмот „Свети Илија“ во населбата Аеродром. […]
...Прочитај повеќе...На 12.1.2023 г., кога Црквата го прославува споменот на великиот светител од нашето време и од нашиот род – светиот Гаврил Велички, како и споменот на светата маченичка Анисија и на преподобната Теодора Цариградска, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан чиноначалствуваше и проповедаше на Светата Божествена Литургија во Лесновскиот манастир ,,Свети архангел […]
...Прочитај повеќе...На 11.1.2023 година Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, придружуван од Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Епископот Хераклејски г. Климент, оствари средба со Митрополитот Волоколамски г. Антониј, којшто беше придружуван од архимандрит Васијан, протојереите Николај Балашов и Игор Јакимчук и јерејот Александар Ершов.
...Прочитај повеќе...До г. Марјан Цветковски, Директор на јавниот сервис Македонска радио-телевизија (МРТВ) Почитуван директоре Цветковски, За време на вчерашниот Божикен концерт на празнични песни – одржан како завршен дел од манифестацијата „Бадникови поворки“, беше направена груба, се надеваме ненамерна, грешка. Имено, за време на Нашиот благодарствен говор на кајронот на МТВ1 наместо титулата „Архиепископ Охридски и […]
...Прочитај повеќе...На 9.1.2023 г., трет ден Божик, кога Црквата го прославува и споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, по повод божикните празници и својот именден, приреди традиционален божикен ручек за државниот врв. На божикната трпеза присуствуваа претседателот на Републиката г. Стево Пендаровски и премиерот на […]
...Прочитај повеќе...На 9.1.2023 г., трет ден Божик, кога Црквата го прославува и споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше на Светата божествена Литургија во храмот „Света Петка“ во населбата Црниче. На Архиепископот му сослужуваа и свештенослужители од Романската Православна Црква и свештенослужители од Скопската епархија.
...Прочитај повеќе...На 8.1.2023 година – вториот ден од Божик и кога Црквата го празнува Соборот на Пресвета Богородица, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Света Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. На Литургијата во протојерејски чин беше ракопроизведен јерејот Игор Димитриевски.
...Прочитај повеќе...На 7.1.2023 година, на празникот Рождество Христово – Божик, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Златоустова Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
...Прочитај повеќе...Денес на 6.1.2023 година – Претпразненство на Рождеството Христово, по завршетокот на Великите (Царски) часови и на Божествната Литургија, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, го освети славскиот бадникарски колач. Потем Претстојателот на нашата помесна Црква ги пречека во храмот и им одржа поучно слово на неколкуте илјади дечиња коишто по завршетокот […]
...Прочитај повеќе...† СТЕФАН ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, „Денес вселената со радост се исполнува, зашто Христос се роди од Дева“[1]. Возљубени чеда во Господа, Божик, празникот на […]
...Прочитај повеќе...Денес, по повод одбележувањето 150-годишнината од раѓањето на великиот македонски револуционер Гоце Делчев, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со свештенослужители на Скопската епархија, отслужи Панихида пред Гоцевиот гроб, во дворот на храмот ,,Вознесение Христово" (,,Св. Спас"), крај Скопско кале. На молитвеното застапништво за овој велик син на Македонија, Архиепископот ја произнесе следнава беседа:
Возљубени чеда и почитувачи на Гоце ‒ возљубени во Господа,
На денешен ден, пред 150 години, во македонското семејство Делчеви, во Кукуш, се родил идниот учител, идеолог, организатор, стратег, револуционер и војвода, се родил великиот син на Македонија, се родил Гоце! И еве, по повод неговиот роденден, дојдовме молитвено да го одбележиме денот на неговото раѓање (поклонувајќи се пред неговото избрано почивалиште, за кое и самиот оставил аманет – кога ќе почине неговиот гроб да му биде во престолнината доколку се оствари слободна Македонија); дојдовме да се потсетиме на неговата ретка личност, на неговата незаменлива улога, на неговите неизмерливи заслуги и на сè што е поврзано со неговото име. Дојдовме и на овој ден да му заблагодариме за сè што направи во текот на својот краток, но богат револуционерен животен век. А тој и денес го прави тоа за оние што го почитуваат и го следат!
Но секое доаѓање на неговиот гроб – и на 4 февруари и на 4 мај ‒ треба да биде доаѓање не само за да се дојде и за да бидеме видени дека сме дошле, туку да доаѓаме за да потврдиме дека и во нас живеат идеалите за кои и тој живееше, дека неговите аманети ни служат како наши патокази, дека на неговиот гроб доаѓаме за да се охрабриме со неговиот пример, дека доаѓаме и за да се потсетиме и да се поучиме, дека доаѓаме да се вдахновуваме од неговата непоколеблива верба во победата на правдата, секогаш потсетувајќи се на неговите зборови „дека вистинската слобода на Македонија можат и треба да ѝ ја донесат само Македонците“. А денес, само тие можат и да ја одбранат!
Но, стоејќи пред неговиот гроб, секој од нас да се преиспитаме себеси и своите постапки и однесувања кон она што за Гоцета беше свето и најсвето, да се преиспитаме колку го чуваме и го браниме она на што тој поучуваше и ни го остави како завет за поколенијата по него. Па, имаме ли храброст, овде, пред неговиот гроб, гласно да кажеме што правиме и, не дај Боже, што може да направиме, и со него, и со себеси, како што направивме со името наше, а како што некои се обидуваат да направат и со нашата историја и со сè што е наше македонско? Зошто забораваме дека народ без свое минато, не ќе може да има ни своја иднина?! И каде, и кога, поробениот може да има нешто заедничко со оној кој што го поробил? И што ќе остане од македонскиот народ ако со сите поробители од минатото прифаќа да го дели своето минато? Затоа, војводо, и денес дојдовме да си кажеме дека е потребно почесто да се потсетуваме на твоите пораки, дека е потребно постојано да ги следиме твоите визии, никогаш не заборавајќи дека великаните, каков што си ти, живеат преку својата жртва и преку своите дела. А ти ќе живееш, ќе живее споменот за тебе – и со нашето почитување и со нашето непочитување на сето она за кое ти живееше, за кое се бореше и за кое што и загина!
Возљубени,
Ова време од сите нас неодложно бара да поведеме борба не против некого, туку против себеси и против нашите слабости, да поведеме борба против нашето неединство, против нашите поделби, отпадништва и отстапувања од македонските национални и духовни интереси. Војводо, во име на твојата жртва, во име на жртвите на сите кои се бореа за слобода на Македонија, на сите вас паднатите во сите предилинденски и поилинденски буни, борби, востанија и бранења на Татковината, мораме да сфатиме дека не смееме да продолжиме со бесконечните отстапки пред соседите и со самонегирањето и откажувањето од она што на сите ви беше, а и нам треба да ни биде идеал – слободна Македонија и слободни и признати Македонци, без разлика во кој дел на Македонија или ширум светот живеат!
Војводо, нека ти е вечен споменот!
Правдољубивиот и милостив Господ нека ја чува и нека ни е вечна Македонија!
[foogallery id="3683"]
Денес, по повод одбележувањето 150-годишнината од раѓањето на великиот македонски револуционер Гоце Делчев, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со свештенослужители на Скопската епархија, отслужи Панихида пред Гоцевиот гроб, во дворот на храмот ,,Вознесение Христово" (,,Св. Спас"), крај Скопско кале. На молитвеното застапништво за овој велик син на Македонија, Архиепископот ја произнесе следнава беседа:

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје
Централа:
+389 3 230 697
Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631
Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780
Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396
Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com