
На 11.5.2023 година Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во својот кабинет, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Унгарија во Република Македонија, Н.Е. Андраш Клеин.
...Прочитај повеќе...На 7.5.2023 г., во Неделата на раслабениот, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, присуствуваше на Божествената Литургија во Архиепископскиот Соборен храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, а во сослужение со архимандритот Васијан од Руската Православна Црква и со свештенослужители од Скопската епархија.
...Прочитај повеќе...На 6.5.2023 година, ден кога Црквата гo прославува светиот вмч. Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан богослужеше и проповедаше на Светата Литургија во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Чаир. Пред Литургијата во чин чтец беше ракопроизведен г. Горан Трајковски.
...Прочитај повеќе...Ние, поглаварите на: МПЦ ‒ ОА, ИВЗ, КЦ, ЕМЦ и ЕЗ, поттикнати од најавата за донесување на Предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост, изразуваме особена загриженост за иднината и безбедноста на верниците за кои имаме одговорност, а посебно за жените и децата. Сметаме дека се неприфатливи легалното признавање на „родовиот идентитет“ во овие […]
...Прочитај повеќе...На 5.5.2023 г., Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, учествуваше на средба на претстојателите на петте верски заедници спомнати во Уставот на Република Македонија. Средбата се одржа во Ријасетот на Ислaмската заедница и на неа лидерите потпишаа Соопштение во однос на Предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост.
...Прочитај повеќе...Со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, и на овогодишниот Саем на книгата – кој ќе се одржи од 4 до 10 мај во скопската Арена „Борис Трајковски“ – со своите изданија ќе се претстават неколку епархиски издаваштва на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Годинава, покрај претходно издадените разновидни […]
...Прочитај повеќе...На 4.5.2023 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка, оствари средба со Н.Е. Џанг Ѕуо – амбасадор на НР Кина во Македонија и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи – г. Даријан Сотировски.
...Прочитај повеќе...Денес, по повод одбележувањето 112-годишнината од загинувањето великиот македонски револуционер Гоце Делчев, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со свештенослужители на Скопската епархија, отслужи Панихида пред Гоцевиот гроб, во дворот на храмот ,,Вознесение Христово” (,,Св. Спас”), крај Скопско кале. На молитвеното застапништво за овој велик син на Македонија, Архиепископот ја произнесе следнава беседа: […]
...Прочитај повеќе...На 30.4.2023 година, втора недела по Пасха, денот во кој Црквата го прославува споменот на светите жени Мироносици, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше на осветувањето на новоизградениот храм посветен на светите солунски браќа, сесловенските просветители Кирил и Методиј во Дортмунд, Германија. На Архиепископот му сослужуваа Неговите Високипреосвештенства, Митрополитите: Дебарско-кичевски г. Тимотеј […]
...Прочитај повеќе...На 19.4.2023 година, во Господа се упокои ставрофорниот протојереј Јован Таковски – најплодниот црковен деец и ерудит од поновата историја на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Со својот беспрекорен интелект, учителствување, беседништво и преведување на современ македонски јазик, отец Јован Таковски остави зад себе длабоки траги како за Македонската Црква, така и за Татковината. […]
...Прочитај повеќе...На 28.8.2022 година, на празникот Успение на Пресвета Богородица, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Златоустова литургија во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, Матка.
На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
[foogallery id="4841"]
На 28.8.2022 година, на празникот Успение на Пресвета Богородица, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Златоустова литургија во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, Матка.
На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
[foogallery id="4841"]
На 28.8.2022 година, на празникот Успение на Пресвета Богородица, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Златоустова литургија во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, Матка.
На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
[foogallery id="4841"]
МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје
Централа:
+389 3 230 697
Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631
Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780
Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396
Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com