img
Вести и настани
  • img
    Saturday, 06 May 2023

    Соопштение од лидерите на петте верски заедници

  • img
    Friday, 05 May 2023

    Средба на претстојателите на петте верски заедници

  • img
    Thursday, 04 May 2023

    Започна меѓународниот саем на книгата

  • img
    Thursday, 04 May 2023

    Средба со амбасадорот на НР Кина во Македонија

  • img
    Thursday, 04 May 2023

    Панихида по повод 120-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев

  • img
    Tuesday, 02 May 2023

    Осветувањето на новоизградениот храм посветен на св. Кирил и Методиј во Дортмунд

  • img
    Friday, 21 April 2023

    Во Господа се упокои ставрофорниот протојереј Јован Таковски

  • img
    Monday, 17 April 2023

    Втор ден Велигден во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје

  • img
    Sunday, 16 April 2023

    Пасхална богослужба во Соборниот храм

  • img
    Saturday, 15 April 2023

    Во Скопје пристигна светиот Благодатен Оган

  • img
    Saturday, 15 April 2023

    Света Василиева Литургија во манастирот „Свети Наум Охридски“ во Радишани

  • img
    Friday, 14 April 2023

    Утрена богослужба за Велика Сабота со Статиите на Оплакувањето Христово

МОЛИТВЕНИК

  • Архиепископот му додели Одличие „Архиепископ Доситеј“ на градоначалникот на општина Кисела Вода, г. Орце Ѓорѓиевски

    На 22.2.2024 година, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан се сретна со градоначалникот на општина Кисела Вода, г. Орце Ѓорѓиевски. При средбата, Архиепископот на градоначалникот Ѓорѓиевски му додели Одличие „Архиепископ Доситеј“ за неговиот особен придонес при реконструкцијата на храмот „Света Пека“ во населбата Црниче и поставувањето на крстот во населбата Драчево.  

    ...Прочитај повеќе...
  • Литургиска прослава на Сретение Господово
    во Успенскиот манастир – Матка

    На 15.2.2024 година, во денот посветен на Сретението Господово, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше и проповедаше на Светата  Златоустова Литургија во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка.  

    ...Прочитај повеќе...
  • Литургија во храмот „Свети Три Јерарси“ во н. Аеродром

    На 12.2.2024 година, во денот посветен на Светите Тројца јерарси и големи учители: св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше и проповедаше на Светата  Златоустова Литургија во храмот посветен на истоимените јерaрси во […]

    ...Прочитај повеќе...
  • Започна со работа црковно-информативниот портал „Литургија.мк“

    Започна со работа црковно-информативниот портал „Литургија.мк“. Истиот ќе ги опфаќа следниве содржини: новости од МПЦ – ОА и од православниот свет, разни соопштенија поврзани со нашата Црква и, воедно, приказ на современи текстови, ставови и поуки за православната вера. Сајтот може да го посетите на следниов линк. https://liturgija.mk/  

    ...Прочитај повеќе...
  • Панихида по повод 152 години од раѓањето на Гоце Делчев

    Денес, по повод одбележувањето 152 година од раѓањето на великиот македонски револуционер Гоце Делчев, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со свештенослужители на Скопската епархија, отслужи Панихида пред Гоцевиот гроб, во дворот на храмот ,,Вознесение Христово” (,,Св. Спас”), крај Скопско кале.  На молитвеното застапништво за овој велик син на Македонија, Архиепископот ја произнесе […]

    ...Прочитај повеќе...
  • Средба на Архиепископот со новоименуваната Амбасадорка г-ѓа Катерина Ставревска

    На 01.2.2024 Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.г Стефан, во присуство на секретарот на САС на МПЦ-ОА епископот Хераклејски г. Климент, ја прими новоименуваната Амбасадорка на Македонија во Кралството Британија г-ѓа Катерина Ставреска.  

    ...Прочитај повеќе...
  • Наречение и хиротонија на Епископот Велички Никола

    На 20 и 21 јануари 2024 година, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски  г.г. Стефан чиноначалствуваше на Наречението и Хиротонијата во епископски чин на сепреподобниот архимандрит Никола (Трајковски). Наречението се изврши на 20 јануари, пред почетокот на Воскресната Вечерната богослужба, а Хиротонијата се изврши утредента, на 21 јануари 2024 г. на Божествената Архиерејска Златоустова Литургија во […]

    ...Прочитај повеќе...
  • Литургија во храмот „Св. Петар и Павле“ во нас. Ѓорче Петров

    На 20.1.2023 г., на празникот Собор на свети Јован Крстител, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, богослужеше и проповедаше на Светата Божествена Литургија во храмот „Св. Петар и Павле“ во нас. Ѓорче Петров.  На Светата Литургијата во протоѓаконски чин беше ракопроизведен ѓаконот Драган Иванов, а пак, во протојерејски чин – досегашниот јереј Ивица […]

    ...Прочитај повеќе...
  • Богојавление во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје

    На 19.1.2024 година, денот во кој Црквата го прославува Богојавлението Господово (Водици), Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше и проповедаше на Светата Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. По Литургијата беше извршен Голем водосвет; потем Архиепископот, свештенството и бројниот народ, во литија, се упатија кон мостот „Слобода“, […]

    ...Прочитај повеќе...
  • Василиева Литургија во Соборниот храм

    На 18.1.2024 година, на Водокрст, во навечерието на Светото Богојавление, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, присуствуваше на Утрена богослужба, Царски часови и Вечерна богослужба со Света Василиева Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови  тајни. По Литургијата беше извршен Голем […]

    ...Прочитај повеќе...

Соопштение од лидерите на петте верски заедници

Ние, поглаварите на: МПЦ ‒ ОА, ИВЗ, КЦ, ЕМЦ и ЕЗ, поттикнати од најавата за донесување на Предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост, изразуваме особена загриженост за иднината и безбедноста на верниците за кои имаме одговорност, а посебно за жените и децата.

Сметаме дека се неприфатливи легалното признавање на „родовиот идентитет“ во овие закони, како и збунувачкото разликување меѓу: пол, род и родов идентитет. Преку нивното донесување, наместо да се заштитат, се отвора можност за дискриминација токму на најранливите ‒ жените и децата!

Впрочем, нашата најголема загриженост се однесува на намерата овој Закон да ги опфати и малолетните лица, односно децата. Промовирањето на различни родови идентитети и „флуидноста“ помеѓу нив, можат да предизвикаат непоправливи штети, особено кај тинејџерите, кои, вака упатувани и образувани, треба да минат низ процес на самоиспитување и испробување, несоодветен за нивната возраст.

Притоа, Предлог-законот за родова еднаквост отвора можност за загрозување на родителските права бидејќи предвидува, од аспект на родов идентитет, децата да бидат третирани еднакво како и возрасните.

Поучени од актуелните случувања во земји, каде родовата идеологија е реалност со трагични последици, којашто сѐ повеќе предизвикува активен отпор кај родителите, психијатрите, психолозите и учителите, повикуваме на повлекување на Предлог-законите и оставање временски простор за нивно сериозно проучување, за запознавање со сите последици по психолошкото здравје на младите и за активно вклучување во разработката на такви закони на сето општество, а, пред сè, на родителите и на сета стручна јавност.   

Изворот на овој загрижувачки тренд го лоцираме во ратификувањето на Истанбулската конвенција, која, благородната цел на заштита на жените и децата, ја искористи како параван за затскриено наметнување на родовата идеологија. Всушност, Предлог-законите, во основа, им противречат на доктрините на сите верски заедници!  

Затоа, апелираме до сите релевантни субјекти сериозно да ја разгледаат можноста за повлекување на овој документ, по примерот на многу земји членки на ЕУ кои од него се дистанцираа, како што се: Турција, Чешка, Унгарија, Бугарија, Словачка, Литванија и Латвија, и кои сè уште не го ратификувале, односно некои го отфрлија токму поради неговата родова компонента.

Скопје, 5.5.2023 год.            

                                               Архиепископ Охридски и Македонски
СТЕФАН 

Реис-Ул-Улема
ШАЌИР ФЕТАИ 

Скопски Бискуп и Епарх Струмичко-скопски
КИРО СТОЈАНОВ 

Суперинтендент
МАРЈАН ДИМОВ

Претседател на Еврејската заедница
ПЕПО ЛЕВИ

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com