img
Вести и настани

Панихида по повод 151 година од раѓањето на Гоце Делчев

Денес, по повод одбележувањето 151 година од раѓањето на великиот македонски револуционер Гоце Делчев, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со свештенослужители на Скопската епархија, отслужи Панихида пред Гоцевиот гроб, во дворот на храмот ,,Вознесение Христово” (,,Св. Спас”), крај Скопско кале. На молитвеното застапништво за овој велик син на Македонија, Архиепископот ја произнесе следнава беседа:

Возљубени чеда и почитувачи на Гоце ‒ возљубени во Господа,

Доаѓајќи овде на гробот на Гоце ‒ секогаш се запрашувам: Што да му кажам на Гоцета и што да кажам за Гоцета?

Еве, и годинава најпрво Му благодарам на Бога што во секое време ни испраќал потребни личности коишто отпосле за своите заслуги биле и треба да останат во сеќавањето на македонскиот народ со спомен и почит што ги заслужуваат. Меѓу нив, секако, свое место во македонската историја има кукушанецот Гоце ‒идеологот на борбата за слобода, кому на овој ден, како и при секоја друга прилика, му благодариме не само за неговиот херојски подвиг и за неговата жртва, поднесена во борбата за слободна Македонија, туку му благодариме и за неговото завештание, преку кое нагласил неговото вечно почивалиште да му биде при нас, во главниот град на Македонската држава! Оти, иако можеше да одбере гробот да му биде и на други места и во подалечни краишта, Гоце остави аманет: ако замине од овој свет без да ја доживее слободата на Татковината, неговите коски да бидат пренесени во престолнината на слободна Македонија.  

А Гоце бил космополит! За неговите погледи знае секој што макар и еднаш  ги чул зборовите со коишто тој го објаснува својот светоглед. Нему му бил туѓ тесноградиот национал-шовинизам. Тој не сакал никого да уништи, над никого да завладее. Како христијанин и Македонец, само сакал да се слободни Македонија и нејзините граѓани ‒ и Македонците и сите македонољубиви жители во заедничката Татковина.  Но, вистинската културна широкоградост подразбира подготвеност и за целосно  ставање во служба на својот народ и борба за неговото место меѓу народите, со право за потполна духовна и национална слобода. Ете така Гоце ја разбирал слободата за секого, па и за својот народ и за својата земја, и затоа  сите свои сили ги вложил за подобра нивна иднина.

А кога, по Народно-ослободителната војна, овој дел од Македонија конечно станал независен, Гоцевите земни остатоци биле донесени овде.  И ги чуваме како најсвои, овде, во дворот на едно од најпознатите скопски и македонски светилишта ‒ во дворот на храмов „Свети Спас“.

 Но еве, покрај нас, коишто доаѓаме по разни поводи на Гоцевиот гроб, годинава доаѓаат и некои други. И добро е ако сакаат да му оддадат заслужна почит, како на голем македонски син и како борец за слободна Македонија. Но, зарем Гоце загина вчера? Или, зарем денес за првпат му го чествуваме роденденот!? Гоцевото родољубие и човекољубие нека ни бидат пример и во грижата и во чувањето на своето и во почитувањето на туѓото! Ако некому историјата може да му биде учителка, нам, на Македонците посебно може да ни биде. Обидите за присвојување на Гоце, на сѐ што е македонско, па и на самата Македонија, не е нова појава и желба, и не е само нивна! И тоа не треба да нè зачудува. Но треба да нè загрижуваат меѓу нас одродените слуги на туѓи интереси, оние кои Гоцета го размакедончуваат и со тоа по вторпат го убиваат и го погребуваат! И сето тоа за лични интереси, погазувајќи ја вистината за Македонија и вистината за Гоце!

Ако сме Гоцеви, како и ако сме Светоклиментови, едно нешто мораме да помниме: никој, никогаш, за никакви ветувања не смее да го раздава она што е наше! Никој, никогаш, за никакви ветувања нема да има народен и Божји мандат, ниту право да нè обескоренува и обезличува. Прескапа цена за нас платија нашите богољубиви, родољубиви и човекољубиви предци, прескапо ја откупија нашата денешна слобода и нашето право да ја живееме и да ја чуваме слободата и сè што е наше.

Еден наш познат поет, во својата поема за Гоце, покрај другото, ни порачува:

сакајте го Гоце, тој за вас се борел
тој за вас го даде и животот свој[1].

Па да го послушаме поетот и да ги следиме сите коишто вистински го почитуваат делото на Гоце! Да го љубиме Гоцета, и како негови чеда, да ја љубиме и неговата љубов ‒ Македонија! Само така ќе се покажеме и ќе се потврдиме дека сме достојни да ја живееме слободата за која тој и бројни комити и војводи, партизани и бранители, ги положија своите животи. И, како што е речено, да не заборавиме дека Татковината само еднаш однадвор се ослободува, а потоа одвнатре постојано се брани! Можеме ли да замислиме, кога Гоце би нѐ сретнал ‒ би имал ли што да ни каже и што да нѐ праша и за што да нѐ укори?! Доаѓајќи на неговиот гроб, дали размислуваме за тоа колку неговите идеали се и наши идеали?! И, секако ‒ колку достоинствено се однесуваме кон неговите пораки и завети?! Како да заборавивме дека и Татковината се љуби и се сака со дела, а не со празни ветувања и времени добивки.  

Но, веруваме дека нашиот напатен и трпелив народ, имајќи ги пред себе сите жртви за слободата на ова парче македонска земја и, закрилуван од нашите бројни, знајни и незнајни, светители и молители, ќе опстои и ќе ги надмине сите искушенија.

Идеалот на домољубието и на родољубието што ни го покажаа нашите народни великани, а особено нашиот денешен славеник Гоце Делчев, нека ни служи како светило на патот кон запазувањето на слободата на нашата Татковина ‒ Македонија.

Нека им се вечни споменот и делото и на Гоце и на сите негови соистомисленици и борци за македонска слобода! А ние секогаш да живееме според нивните идеали, секогаш да ја љубиме и пазиме Татковината, секогаш да придонесуваме за пронаоѓање на нејзиното место во културниот натпревар меѓу народите!

Вечен нека му е споменот на Гоцета!
Вечна нека е Македонија! Амин!

† Стефан,
Архиепископ Охридски и Македонски

[1] Гане Тодоровски, „Гоце Делчев“.

МОЛИТВЕНИК

Денес, по повод одбележувањето 151 година од раѓањето на великиот македонски револуционер Гоце Делчев, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со свештенослужители на Скопската епархија, отслужи Панихида пред Гоцевиот гроб, во дворот на храмот ,,Вознесение Христово" (,,Св. Спас"), крај Скопско кале. На молитвеното застапништво за овој велик син на Македонија, Архиепископот ја произнесе следнава беседа:

[foogallery id="5760"]

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com