img
Вести и настани

Осветувањето на новоизградениот храм посветен на св. Кирил и Методиј во Дортмунд

На 30.4.2023 година, втора недела по Пасха, денот во кој Црквата го прославува споменот на светите жени Мироносици, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше на осветувањето на новоизградениот храм посветен на светите солунски браќа, сесловенските просветители Кирил и Методиј во Дортмунд, Германија. На Архиепископот му сослужуваа Неговите Високипреосвештенства, Митрополитите: Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Европски г. Пимен, како и архијереите од сестринската Српска Православна Црква, Епископите: Дизелдорфски и Германски г. Григориј и Западноевропски г. Јустин.

По Осветувањето на ова прекрасно ново светилиште беше отслужена Божествена Архијерејска Литургија. Среде повеќеилјадниот верен народ, присутни на овој многурадосен богоугоден настан беа и македонскиот в.д. амбасадор во Берлин, НЕ Васко Грков, заменик-градоначалникот на Дортмунд г. Манфред Зауер,  пратеничката во Бундестагот г-ѓа Сабине Пошман, градоначалникот на дортмунската општина Шарнхордст, во која и се наоѓа новиот храм, како и поранешниот градоначалник на истата општина г. Рудригер Шмит, кого во оваа прилика Светиот архијерејски синод на нашата Света Црква го одликува со Светоклиментов орден од III ред, поради неговите заслуги за изградбата на храмот. Исто така, присутни беа и бројни Германци ‒ пријатели на Македонците во Дортмунд и на Македонската Православна Црква, како и гости Македонци од Торонто, Канада, и од повеќе места од Татковината.

По осветувањето, во новиот храм се извршија и две Крштевки и една Венчавка.

Нека е вечно ова ново македонско светилиште!

МОЛИТВЕНИК

[foogallery id="7860"]

КОНТАКТ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје

Централа:
+389 3 230 697

Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631

Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780

Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396

Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com