
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), во постојан состав, на 26 ноември 2024 година одржа вонредна седница и го определи датумот за погребение на блаженоупокоениот Дебарско-кичевски Митрополит Тимотеј. Синодот определи заупокоената Света Литургија и Опелото да бидат извршени во четврток на 28 ноември 2024 година, во храмот […]
...Прочитај повеќе...На 23.11.2024 година, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ја посети црковната општина ,,Св. Климент Охридски” во Квинс, Њујорк, САД. Во чест на Архиепископот беше отслужена Доксологија, а потоа Архиепископот ги освети новите икони на иконостасот, дело на македонскиот зограф Кирил Златанов. Меѓу многубројниот народ којшто го исполни храмот беше присутен и г. […]
...Прочитај повеќе...На 21.11.2024 година, денот кога Црквата го прославува Соборот на свети архангел Михаил, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан отслужи Света Архијерејска Литургија во храмот „Св. Николај Мирликиски“ во Тотова, Њу Џерси, САД.
...Прочитај повеќе...На 17.11.2024 година, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, отслужи Света Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Сидер Гроув, Њу Џерси. На Архиепископот му сослужуваа бројни свештенослужители од Американско-канадската и од Скопската епархија, како и од Источноамериканската епархија на сестринската Српска Православна Црква. По Божествената Литургија Архиепископот отслужи Парастос за сите […]
...Прочитај повеќе...На 16.11.2024, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Воскресна вечерна богослужба во храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Сидер Гроув, Њу Џерси, САД. Вечерната богослужба беше отслужена по повод прославата на јубилејот – 50 години од Осветувањето на првиот храм на црковната општина, којшто бил осветен во 1974 година и се наоѓал […]
...Прочитај повеќе...На 14.11.2024 година, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, пристигна во канонска посета на Американско-канадската епархија, придружуван од презвитер Даниел Јовановски и протоѓакон Александар Димитријов. Посетата, којашто Архиепископот ја извршува по покана на надлежниот Архијереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-канадски г. Методиј, се остварува по повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј од Осветувањето на првиот […]
...Прочитај повеќе...На 1.11.2024 година, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан учествуваше на 12-от Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан Први“, којшто се одржува под покровителство на Институтот за национална историја, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје и Универзитетот во Болоња, во партнерство со Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“.
...Прочитај повеќе...На 1.11.2024 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во својот кабинет, оствари средба со Неговата екселенција г. Желјазко Радуков, новоименуван амбасадор на Република Бугарија во Македонија.
...Прочитај повеќе...На 27. 10. 2024 г. кога Светата Црква го прославува споменот на преподобната Параскева Епиватска (света Петка), Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан богослужеше и проповедаше на Светата Божествена Литургија во храмот посветен на преподобната Параскева во населба Црниче. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
...Прочитај повеќе...На 17.10.2024 година, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан го прими Неговото Високопреосвештенство г. Венјамин, Архиепископ на дохалкидонската Сириска црква, чијашто епархија се наоѓа во Кралството Шведска.
...Прочитај повеќе...На 15.5.2024 г., Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во својот кабинет, оствари средба со Епископот Лоѓински и Познањски г. Атанасиј од Полската Православна Црква. На средбата присуствуваа и Нивните Високопреосвештенства, Митрополитите: Кумановско-осоговски г. Григориј и поранешниот Митрополит на истоимената епархија г. Јосиф.
[foogallery id="11127"]
На 15.5.2024 г., Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во својот кабинет, оствари средба со Епископот Лоѓински и Познањски г. Атанасиј од Полската Православна Црква. На средбата присуствуваа и Нивните Високопреосвештенства, Митрополитите: Кумановско-осоговски г. Григориј и поранешниот Митрополит на истоимената епархија г. Јосиф.
[foogallery id="11127"]
На 15.5.2024 г., Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во својот кабинет, оствари средба со Епископот Лоѓински и Познањски г. Атанасиј од Полската Православна Црква. На средбата присуствуваа и Нивните Високопреосвештенства, Митрополитите: Кумановско-осоговски г. Григориј и поранешниот Митрополит на истоимената епархија г. Јосиф.
[foogallery id="11127"]
МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје
Централа:
+389 3 230 697
Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631
Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780
Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396
Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com