На 24.12.2024 г., Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, оствари средба со Неговата Екселенција г. Кристоф ле Риголер, новоименуван амбасадор на Република Франција во Македонија.
...Прочитај повеќе...До Неговото Блаженство, Патријарх Антиохиски и на целиот Исток, Јован X Ваше Блаженство, Испраќајќи Ви го ова писмо, од името на полнотата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Ве уверуваме во нашата искрена сострадалност и во нашите непрестајни молитви за сирискиот народ и за сите православни христијани пастирствувани од Вас на целиот Исток. Го […]
...Прочитај повеќе...На 13.12.2024 г. Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан оствари проштална средба со Неговата Екселенција г. Андреа Силвестри, амбасадор на Република Италија во Македонија, чијшто мандат завршува. На средбата присуствуваа и секретарот на Светиот архијерејски синод, Епископот Хераклејски г. Климент и професорот на Православниот богословски факултет ,,Св. Климент Охридски”, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски.
...Прочитај повеќе...Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во работен состав, одржана на 12 декември 2024 година, во просториите на Македонската Архиепископија, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со црковниот живот на нашата Света Црква. Синодот ја изразува својата длабока загриженост за новонастанатата состојба во […]
...Прочитај повеќе...На 8.12.2024 година, кога Македонската Православна Црква го чествува својот патрон – светиот Климент Охридски, во големата сала при Музејот на македонската борба за самостојност, во бројно присуство на угледни гости, беше одржана свечена духовна академија. На истата свои обраќања имаа: Претседателката на Република Македонија – г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова; Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски […]
...Прочитај повеќе...На 8.12.2024 година, денот во кој Црквата го прославува празникот на заштитникот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, свети Климент Охридски, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан чиноначалствуваше со Божествена Литургија во Соборниот храм ,,Свети Климент Охридски” во Скопје. На Архиепископот му сослужуваа Митрополитите: Повардарски г. Агатангел, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и […]
...Прочитај повеќе...На 7.12.2024 година, во пресрет на празникот на свети Климент Охридски, во Соборниот храм во Скопје, којшто и е посветен на ова незаодно светило, беше отслужена Празнична вечерна богослужба. На Вечерната, со благослов и во молитвено присуство на Поглаварот на Македонската Православна црква – Охридска Архиепископија, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, […]
...Прочитај повеќе...На 6.12.2024 година, традиционално, по 57-ми пат, беше прославен патрониот празник на Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“. Празнувањето започна со Архијерејска вечерна богослужба во параклисот при Богословијата, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, а на истата молитвено присуство зедоа: Неговото Блаженство, Ахриепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот Преспанско-пелагонски г. Петар, […]
...Прочитај повеќе...На 6.12.2024 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, присуствуваше и словеше на отворањето на Осмиот Светиклиментов научен собир, на кој беа доделени дипломите за завршени додипломски студии на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. На свечениот настан беа присутни и Нивните Високипреосвештенства, Митрополитите: Преспанско-пелагониски г. Петар и Крушевско-демирхисарски г. […]
...Прочитај повеќе...Живеењето во мултикултурно општество е голема благодат. Средбата на разнообразни култури носи можност за облагородување на духот на човекот и за зголемување на креативноста на целото општество. Бог ни дал да живееме во една, заедничка држава. Затоа ние, поглаварите на Македонската православна црква ‒ Охридска архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската […]
...Прочитај повеќе...ДО г. ХРИСТИЈАН МИЦКОВСКИ
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА НА МАКЕДОНИЈА
Почитуван Претседателе,
Почитувајќи ја волјата на мнозинството граѓани на последните собраниски избори во Македонија, кои во Вашата програма препознаа можност за напредок на државата, дозволете ми од Свое, како и од името на архијереите, свештенството, монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, да Ви го честитаме изборот за Претседател на Владата на Македонија.
Имајќи ги предвид времето и приликите во кои живееме, Ви посакуваме од Господа успешен и плодотворен мандат на исклучително одговорната должност како Претседател на Македонската Влада. Секоја власт е од Бога, поучува светиот апостол Павле (Рим. 13, 1), па Нашите молитви се упатени кон Него, за Вам и на Вашите соработници да Ви дарува добро здравје, потребно трпение и многу мудрост за успешно извршување на должностите, преку богоугодни и родољубиви дела.
Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, која вековно ги негува духовните и општествените полезни вредности, очекува соработка со институциите на новата Влада во рамките на Уставните и законските можности.
Со Божји благослов,
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
г. г. Стефан
ДО г. ХРИСТИЈАН МИЦКОВСКИ

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
Бул. Партизански одреди бр.12, 1000 Скопје
Централа:
+389 3 230 697
Кабинет на Архиепископот:
+389 3 136 631
Секретар на Скопска епархија:
+389 3 230 780
Издаваштво на Скопска епархија:
+389 3 118 396
Електронска пошта:
skopskaeparhija@gmail.com